06 Окт 2023 од 19:00 часот |
Режија: Срѓан Јаникијевиќ
Автор: Атанас Илков
Светски познатата бајка ПРИНЦЕЗАТА НА ЗРНО ГРАШОК, во текстот на бугарскиот драмски писател Атанас Илков во насловот претрпува промена и на нашиот репертоар се појавува како ЗРНОТО ГРАШОК И ПРИНЦЕЗАТА. Ова е убедливо најстарата наша претстава што се уште е активна. Својата премиера оваа претстава ја имаше во далечната 1993 год.
Тоа е приказна за еден млад принц кој стасал за женење, па неговите родители, кралот и кралицата, решиле да му најдат вистинска принцеза за жена. Според старите обичаи вистинска принцеза е онаа која лежејќи на кревет ќе го почувствува и најмалото зрно грашок, скриено под душекот од креветот. Иако во претставата играат само двајца, актерите Изабела Новотни и Владимир Лазовски мајсторски ја исполнуваат сцената, па така се добива впечаток како да се работи за голем актерски ансамбл. Со своето актерско умеење и искуство овие двајца на секоја изведба до солзи ги насмеваат децата.
ЗРНОТО ГРАШОК И ПРИНЦЕЗАТА во периодот од 1994 до 1998 година има освоено 4 меѓународни награди, меѓу кои и ГРАН ПРИ наградата за претстава во целина на Меународниот Фестивал БУРБОРАК 94 во Смолен, Р. Бугарија.
Асистент:
Горан Баланчевиќ
Сценографија:
Ангелина Атлагиќ
Костимографија:
Ангелина Атлагиќ
Музика:
Петар Ступел
Кореографија:
Александар Хаџиманов