Интернационален фестивал на детски театари „Игор Маџиров“

IFDT Игор Маџиров

01 - 05 октомври, 2024
Скопје, Р. С. Македонија

КОНЦЕПТ НА ФЕСТИВАЛОТ

Иницијативата за формирање на нов театарски фестивал, посветен на детската професионална продукција од светот, има за цел да се промовираат новите содржини, форми, настани и текови кои се случуваат во светот на детскиот театар.

Фестивалот концепциски се развива во две насоки. Првата кон промоција на новите  светски текови во промислувањето на детскиот театар, преку гостување на претстави од странство и една македонска претстава, во рамките на т.н. ГЛАВНА НАТПРЕВАРУВАЧКА програма што ќе бидат избрани по пат на селекција.

Втората насока е преку фестивалот, да учествуваме во градење стручен уметнички потенцијал, но и за инволвирање на што повеќе професионалци во оваа специфична дејност. И тоа по пат на работилници од областа на детската театарска продукција, посветени на студентите на факултетите за театар од земјава, како и одржување дебати, панел дискусии на најразлични теми врзани со детската театарска продукција денес и за промоција на други уметнички форми во областа на творештвото за деца и млади.

ПРОГРАМА НА ФЕСТИВАЛОТ

  • ГЛАВНА НАТПРЕВАРВАЧКА ПРОГРАМАна која имаат можност да учествуваат претстави од целиот Свет, кои ќе бидат избрани по пат на селекција. Фестивалот ќе доделува награди за кои ќе одлучува три члено меѓународно жири составено од истакнати поединци во областа на детската театарска продукција.
  • ПРИДРУЖНА ПРОГРАМА: работилници, промоции на детска литература, панел – дискусии.

НАГРАДИ НА ФЕСТИВАЛОТ

Фестивалот доделува награди за:

  1. ГРАН ПРИ награда за претстава во целина
  2. Награда за најдобра режија 
  3. ДВЕ награди за најдобро актерско остварување
  4. Награда за сценографија
  5. Награда за костимографија
  6. Стручната жири Комисија има право да додели и специјални награди

ЦЕЛИ НА ФЕСТИВАЛОТ

Фестивалот е наменет за детската и младинската публика во Скопје и Р. С. Македонија, но и за професионалните артисти и уметници кои создаваат во областа на детскиот театар.

Главната мисија на овој фестивал е преку компетитивна програма да промовира квалитет, различност, новитет во детската театарска продукција.

Главен акцент е и можноста преку фестивалот, да се промовира детската театарска продукција како важен двигател на културно-уметничките промени во нашата земја. Преку придружната програма и работилниците за професионалци, создаваме капацитети за активни учесници во полето на детскиот театар, а ќе изградиме и повеќе капацитети за домашната публика да ужива со различните естетики на театарски претстави за деца и младинци.

ОЧЕКУВАНИ ЕФЕКТИ

Фестивалот ќе придонесе во развојот и популаризацијата на детската театарска продукција, во сите нејзини форми и содржини. Публиката која секогаш е многубројна на детските претстави, ќе има можност одблизу да се запознае со новите техники, концепти и идејно промислување на детските претстави.

Овој фестивал ќе биде одлична можност за меѓунардоно профилирање на нашата домашна детска театарска продукција, која преку размената на искуства, вмрежувањето во интернационални асоцијации и платформи, ќе го добие заслуженото место во европската и светска културна мапа.

FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Март 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Маркетинг