Бескрајни соништа

  • Сцена: Детска
  • Тип на претстава: Куклена
  • Времетраење: 60 минути
  • Премиера: 25.03.2010
  • Возраст: 6+
{JEVK2EMBED}

Режија: Боњо Лунгов
Превод и препев: Томислав Османли

Оваа претстава е направена со цел да се одбележи 20-годишниот јубилеј на Театарот за Деца и Младинци. Целта беше низ една претстава да се прикажат сите видови и типови на кукли што досега продефилирале во куклените претстави на нашиот театар. Општо прифатено е мислењето од страна на театарските критичари дека кога се работи за имагинарност, оригиналност и фантазија, во овој проект режисерот Боњо Лунгов се надминал себеси и на нашата публика и подарил уште една прекрасна претстава.

ППретставата нема класична приказна, поделена е во неколку сцени кои можат да стојат и како посебни целини, споени со интересни промени од сцена во сцена. Во услови кога текстот е незначителен доминираат добро познати музички мотиви. Начинот на кој актерите формираат со најразлични предмети секакви форми е магичен и недофатлив за секое дете.

Претставата е за сите возрасти, не само детски, бидејќи досега не се случило по нејзиниот завршеток да има незадоволни гледачи. Напротив, публиката секогаш фасцинирана и егзалтирана ја напушта оваа претстава.

БЕСКРАЈНИ СОНИШТА во 2013 година е наградена на Суботичкиот Фестивал ЛУТФЕСТ со престижната награда за оригиналност и фантазија.

 

Асистенти на режија:

Маја Енчева и Константин Каракостов

Автор на кукли и сцена:

Боњо Лунгов

Костимографија:

Маја Енчева

Избор на музика и кореографија:

Константин Каракостов

FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Март 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Маркетинг