Јованче и Марика

  • Сцена: Детска
  • Премиера: 25.12.2019
{JEVK2EMBED}

Режија: Давор Драгојевиќ
Автор: Браќата Грим

Јованче и Марика се најпознатите брат и сестра во литературата за деца. Браќата Грим им подариле ,,вечен” живот. Генерации и генерации растеа со оваа прекрасна бајка која ни ја покажува вистинската љубов помеѓу братот и сестрата,нивната добрина и нивната желба за среќно семејство.

Марика е мила, малку плашлива, Јованче љубопитен, храбар, доаѓаат во ситуација сами да се борат со вештерката,која го маѓепсала нивниот татко. Тука се преплетуваат светот на фантазијата и реалноста. Најважната порака на оваа бајка е дека и во најтешките моменти треба да веруваш во себе.

Дали бајка, во денешниот свет,кога на децата им се нудат најразлични содржини може да опстане? Дали може да ,,парира” на современата технологија, на компјутерските игри,на 3Д анимацијата? Секако дека може и тоа токму во театарот!

 

Драматизација:

Дарко Ковачовски и Надја Василева

Сценографија:

Надја Василева

Костимографија:

Надја Василева

Композитор:

Љупчо Мирковски

Media

FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Март 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Маркетинг