Режија: Боњо Лунгов
Асистент: Маја Енчева
Ова е убедливо најпознатата и најнаградуваната претстава на нашиот театар. Таа слободно може да се нарече заштитен знак на Театарот за Деца и Младинци, зашто со нејзиното појавување започна етаблирањето на нашиот театар, како еден од најдобрите детски театри во регионов и пошироко.
Поставена е со импровизирани кукли (различни предмети од селскиот живот формираат човечки и животински облици) од режисерот Боњо Лунгов, кој слободно може да се каже дека е иноватор на овој вид на кукли. Темпото и ритамот на претставата е диктирано од македонска изворна музика, која со своето богатство не остава простор за кажување на текст. Затоа оваа претстава е одлично разбрана и во средини во кои не се владее македонскиот јазик. Петчлената актерска екипа во која не отскокнува никој, дише како еден организам и публиката ја остава без здив за време на траењето на целата претстава и затоа шеесетте минути поминуваат додека трепнеш. Искористете ја ретката шанса кога оваа претстава е на репертоар, зашто таа е вистински пример како квалитетно можете да го пополните своето слободно време. Важно е да се напомене дека оваа претстава не познава старосни граници и затоа топло им ја препорачуваме и на децата и на возрасните. МАКЕДОНСКА ПРИКАЗНА до овој момент има освоено 9 меѓународни награди, од кои 3 се ГРАН ПРИ награди за претстава во целина. Сите овие награди се всушност и најдобрата препорака за оваа претстава.
Играат:
Тања Кочовска
Предраг Павловски
Автор на кукли:
Боњо Лунгов
Сценографија:
Љубомир Чадиковски
Музика:
Драган Даутовски