Моби Дик

  • Scene: Children
  • Duration: 70 минути
  • Premiere: 26.11.2026
  • Age: 10+
There is no translation available.

26 Nov 2026 од 19:00 часот
27 Nov 2026 од 19:00 часот

Режија: Дамјан Кецојевиќ
Драматизација и адаптација: Тијана Грумиќ

Моби Дик“ од Херман Мелвил е еден од капиталните романи на светската книжевност, но и книга што, и покрај временската и културната дистанца, и денес за читателите од различни генерации претставува огромно уживање и возбудлива читателска авантура. Особеноста на овој роман не се огледува само во епската приказна за опсесивната потрага на капетанот Ахаб по белиот кит, туку и во исклучителното богатство од теми што се испреплетуваат во него: од деталните и речиси документаристички описи на пловидбата, ловот на китови и процесот на добивање китово масло, преку секојдневието на морнарите на бродот и сложените односи во културно и етнички разноликата посада, па сè до промислувањето на класните разлики, општествените односи, доброто и злото, постоењето на Бог и човечката природа како таква.

Исклучителното богатство на формата и јазикот на овој роман ги прави сите овие теми уште поинтересни, поради што „Моби Дик“ постојано им се измолкнува на жанровските ограничувања, истовремено обединувајќи епско раскажување за една авантура, филозофски трактат, енциклопедиска содржина, драма и поезија.

Соочувањето со ваков материјал претставува огромен предизвик кога станува збор за театарот и за театарската адаптација. Покрај очигледниот обем на романот, беше потребно на сценски јазик да се пренесат и неговата исклучителна слоевитост, многубројните тематски разгранувања и специфичната структура, но и да се обликуваат така што овој материјал ќе може да комуницира со публиката на театарот за деца и млади, а притоа да не изгуби премногу од својата сложеност и повеќезначност.

Истовремено, и мене и на режисерот на претставата ни беше важно приказната на Мелвил да не ја гледаме исклучиво како сведоштво за некое минато време, туку да ја поврземе со ова наше време — со ненаситната експлоатација на природните ресурси и богатства, со логиката на неолибералниот капитализам што ја претвора природата во стока и профит, но и со човечната себичност и уверувањето дека светот постои само за да ги задоволи човековите потреби.

Во таа смисла, „Моби Дик“ ни се откри не само како приказна за еден човек и неговата опсесија, туку и како современа приказна за односот на човекот кон светот во кој живее, кон другите живи суштества и кон границите на сопствената моќ.

Тијана Грумиќ,
авторка на адаптацијата

Драматург:

Драгана Лукан Николовски

Сценографија:

Андреја Рондовиќ

Костимографија:

Акександра Лалиќ

Музика:

Круме Стефановски

Сценски движења:

Дамјан Кецојевиќ

Инспициент:

Ирена Глигороска

Monthly repertoire

November 2026
M T W T F S S
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Marketing