Мартин Јорданоски, актер. Роден 1987 година во Скопје.Основно и средно образование завршува во родниотт град. Аматерски се бави со театар од свои 14 години. Се запишува на факултетот за драмски уметности во класата на проф. Владимир Милчин, каде и дипломира. 2012 година ,,ТДМ,, станува негова матична театарска куќа. Имал преку 10 премиери и ги толкувал ликовите на Могли, Капетан Кук, Мачорот во чизми, Страшилото, Данил Хармс и многу други. Во драмскиот театар го има играно ликот на Џанго во претставата ,,Грев или шприцер,,. Активен е и на алтернативната театарска сцена со повеќе од 5 претстави. Има преку 30 детски концерти со македонската филхармонија, нах-синхронизирал над 30 детски анимирани серии, активен извидник е од 13 години, аматерски се бави со жонглирање и магионичарство т.е. илузионизам. На филмско платно се појавува во филмот ,,До Балчак,, каде ја игра главната машка улога. Филмот ,,Сенки,, и детскиот серијал ,,Петко 5+,, каде го игра ликот на Максимилијан.