Мики Анчевски

По завршеното средно образование во Д.С.У. Владо Тасевски се запишува на ФДУ, отсек: Актер, во класата на проф. Кирил Ристески и асс. Зоја Бузалковска и Дипломира во 2006 год. со претставата: Ништо без Трифолио, по текст на Русомир Богдановски.

Од 2006 до 2012 работи на неколку театарски претстави во МНТ како и Драмскиот Театар, како што се: Јонадаб, Македонски Рулет, Марат Саде, Сон на Летната Ноќ.

2011 год е дел од филмот: Балканот не е мртов, во режија на Александар Поповски

До 2012год работи и на неколку тв серии, тв реклами, радио реклами, како и надсинхронизација на Македонски Јазик на тв играни и анимирани серии на многу локални Телевизии и продукции.

Од 4ти Април 2012 год е во редовен работен односво Театарот за Деца и Младинци како Актер

Од тој момент е дел од речиси сите театарски претстави кои се работат во матичниот театар. Почнувајќи со првата претстава со која започнува, Цветната Улица (реж. Наташа Поплавска) па се до: грдото пајче, пипи долгиот чорап, де камерон, волшебникот од оз, бескрајни сништа, рекламна бајка, оливер твист, могли, петар пан, бајка за царот нај, пепелашка, гига мега бајка, Мачорот во Чизми, животинска фарма, нашиот клас, заспаниот разум раѓа чудовишта.

Со многу од овие претстави се освоени награди за колективна игра, како и гран при, за Волшебникот од оз на фестивалот во Бања Лука како и гран при за Нашиот клас на Јоаким фест.

Претстави со Мики Анчевски

  • Том Соер
  • Сонот на Вилијам
  • ТОБИ
  • Пепелашка
  • Волшебната флејта
  • Бескрајни соништа
  • Рекламна бајка
  • Волшебникот од Оз
  • Цветната улица
  • Грдото пајче
  • Оливер Твист
  • Бајка за Царот Нај
  • Могли
  • Нашиот клас
  • Гига Мега бајка
  • Петар Пан
  • Снежната кралица
  • Заспаниот разум раѓа чудовишта или Денес не напишав ни збор
  • Животинска фарма
FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Април 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Маркетинг