Под мотото „Заедно за МИР, заедно ПРОТИВ коронавирусот“, денеска се прославува Светскиот ден на КУКЛЕНИОТ театар.
Преку меѓународната асоцијација УНИМА, годинава се испратени пораки од тројца истакнати американски артисти, кои упатуваат апели за мир, солидарност и еднаквост.
„Низ историјата, куклениот театар беше извор на забава, но и инструмент за протест, да изрази социјална критика против воспоставените овластувања и да ја осуди неправдата. Ова важи и денес. Современиот куклен театар стана голем и ефикасен сојузник и поттик што ја збогатува борбата, засилувајќи го обемот и гласот на тие тврдења.“, вели Мануел Антонио Моран, еден од авторите на пораките.
Честит Светски ден на куклениот театар :)
https://www.unima.org/en/world-puppetry-day-2020-covid19/
#30godiniTDM #sonstotrae