30 Март 2018

Прес конференција за претставата „ТОБИ“

На  ден 3.04.2018 ,(Вторник) со почеток од 10:30 часот во Н.У. Театар за деца и младинци-Скопје, ќе се одржи прес конференција по повод премиерната изведба на детската куклена  претставата „Тоби “  по  текст на Флоријан Зденек, а во адаптација на текст и режија на Драгослав Тодоровиќ.

Овој пат „Театарот за деца и младинци“ подготвува навистина специфична бајка длабоко мотивирана од чисти хумани сфаќања. Режисерот  Драгослав Тодоровиќ ќе каже :

Постои нешто, особено кај младите, што изгледа како непремостива препрека, никако не сте задоволни од сопствениот изглед. Каква тага и горчина ... Меѓутоа, ако имате, како јазовичарот Тоби, пријателка како госпоѓата Флора, вие многу брзо ќе ја надминете оваа безмислена грижа. Едноставно, со помош на пријателите ќе се видите себе си од еден сосема друг, среќен агол. Па, вие сте вешти , остроумни , а бога ми и многу згодни. И уште нешто, немојте да се китите со туѓи перја. Ќе излезете смешни.Драгослав Тодоровиќ, режисер

Галерија на фотографии

FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Октомври 2022
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31

Маркетинг