24 Септември 2022

Повик за учество во работилница за кукларство

ИФДТ Игор Маџиров

Во рамките на првото издание на ИФДТ „Игор Маџиров“ од 01 до 03 октомври, 2022 ќе се одржи работилница за кукларство под менторство на Јакуб Максимов, театарски режисер и куклар од Чешка Република.

Работилницата ќе се одржи во просториите на Театарот за деца и младинци – Скопје, во периодот од 12:30 до 14:30 на 01 и 02 октомври, а последниот ден ќе биде посветен на заклучоци од истата.

Ги покануваме сите заинтересирани студенти на факултутетите за драмски уметности, наши колеги актери, режисери, драматурзи да се пријават за учество на работилницата најдоцна до 29.09.2022 на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со наведување на:

  • име и презиме,
  • годишна возраст,
  • контакт телефон,
  • студиска програма/работна позиција.

Работилницата е со ограничен број на учесници.

rabotilnica

Јакуб Максимов е режисер, драматург и перформер. Неговиот домен е модерен куклен театар и театар на објекти. Театарот на објектот е главна тема на неговото докторско истражување на Академијата за изведувачки уметности во Прага. Соработува со повеќе театри и независни компании во Чешка, Германија, Словачка, Србија.

Работилницата ќе се состои од истражување на основните елементи на куклен театар и театарот на објектот. Ќе се работи на практични вежби и ќе се креираат неколку кратки етиди со кукли и предмети. Заедно, практично ќе истражуваме што одговара на овој специфичен театарски жанр. Ќе се бараат модерни начини како да се справиме со кукларството како современа уметничка форма.

Ве очекуваме!

FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Декември 2022
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Маркетинг