Н.У. Театар за деца и младинци Ве поканува на прес-конференција по повод премиерната изведба на претставата „ ЈОВАНЧЕ И МАРИКА “, драматизација на Дарко Ковачовски и Надја Василева, во Режија на Давор Драгојевиќ, работена според истоимената приказна на Браќата Грим. Премиерата е на ден 25.12.2019 во 19:00 часот.
Прес-конференцијата ќе се одржи на ден 23.12.2019 година ( Понеделник ) во 10:30 часот, во фоајето на Театар за деца и младинци, на која ќе се обрати и директорот на театарот Катарина Илиевска Силјановска и целиот уметнички тим на претставата.