4 Ноември 2022

Јавен оглас за вработување на помошно - техничко лице

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 16/10, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19), член 3 и член 20-г од Законот за вработените во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.143/19 и 14/20), одредбите од Правилникот за задолжителни елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.34/15), и Известувањето од Министерство за финансии на Република Северна Македонија за обезбедени финансиски средства број 20-1988/2 од 19.05.2022 година, Националната установа „Театар за деца и младинци“ – Скопје објавува:
 

ЈАВЕН ОГЛАС
Број 1/2022

I.Националната установа „Театар за деца и младинци“ – Скопје има потреба од вработување на 1 (едно) помошно – техничко лице на неопределено време за следното работно место:
1. 1 (едно) лице на работно место Билетопродавач, шифра КУЛ 0401(Б01)002
Посебни услови: степен и вид на образование, средно гимназиско или средно стручно образование (економска струка).
Напомена: Согласно Годишниот план за вработување на институцијата за 2022 година, едно (1) вработување за работно место Билетопродавач е предвидено за Македонец/ка.
Работното место е предвидено за со најмалку 10 години работно искуство.

II.Кандидатот за работно место треба да ги исполнува општите услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија,
- Активно да го користи македонскиот јазик,
- Да е полнолетен,
- Да има општа здравствена способност за работното место и
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.\

III.Распоред на работното време: Дневното работно време за огласеното работно место е во траење од осум часа дневно, односно 40 часа неделно и се организира во смени и тоа: прва смена: од 10:00 до 14:00, втора смена: од 17.00 до 21:00 часот.

IV.Основна нето плата:
1. 23.410 денари – Билетопродавач

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавување на огласот). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Пријавата за огласот може да се подигне од архивата на Националната установа „Театар за деца и младинци“ – Скопје или да се симне од интернет страната www.puppet.com.mk. Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови:
- Уверение за државјанство;
- Уверение за општа здравствена способност за работното место (не постаро од 6 месеци)
- Потврда/Уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци)
- Доказ – Диплома/Уверение за завршено образование
- Доказ за работно искуство (потврда од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување)

Пријавата со потребната документација кандидатите треба да ја достават до архивата на Националната установа „Театар за деца и младинци“ – Скопје, секој работен ден од 9 до 15 часот или по пошта на следната адреса: ул.Димитрие Чуповски бр.4 – Скопје (во коверт со назнака за „јавен оглас број – 1/2022“)

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар.

Ненавремените пријави и документацијата нема да се разгледуваат.

Селекцијата и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапка за вработување. Пријавените кандидати ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување на интервјуто.

Изборот на кандидатите ќе се изврши во рокот определен во член 23 став (2) од Законот за работни односи.

ДОКУМЕНТИ

Јавен оглас за вработување на помошно (PDF)
Пријава за јавен оглас за Билетопродавач (PDF)

FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Мај 2023
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

Маркетинг