Роња, ќерката на ограбувачот

  • Сцена: Детска
  • Премиера: 26.12.2022
  • Возраст: 6+
{JEVK2EMBED}

Режија и драматизација: Јакуб Максимов
Работена според истоимениот роман од авторот Астрид Линдгрен

Еве ни пристига една нова приказна од фантастичната и светски познатата, шведска авторка, Астрид Линдгрен. Таа веќе има свој значаен придонес во светското наследство на детска литература со нејзините дела како и познатиот роман, Пипи Долгиот Чорап.

Сега влегуваме во сосема нов свет на ограбувачи, печуркасти џуџиња, диви шуми и авантуристички предели во приказната со наслов „Роња, ќерката на ограбувачот“. Помеѓу завојуваните ривали, помеѓу две банди, две деца го градат својот пат во животот. Две деца кои се од различни кланови на ограбувачи, започнуваат една сосема поинаква авантура. Нивната приказна е приказна за пријателството и силната врска меѓу две чисти души.

- Горјан Милошевски, драматург

 

Роња од Астрид Линдгрен е навистина ќерка на еден ограбувач – таа е дива, своеглава и од ништо не се плаши. Приказната за неа е полна со акција па затоа природно ни дојде да ја адаптираме во куклена претстава со многу ритмични и музички секвенци. Додека таа расте, доживува многу пресвртници. За едно такво дете, природно е што некои од нејзините сознанија ќе бидат малку поразлични од начинот на кој размислуваат нејзините родители.

- коментар на режисерот, Јакуб Максимов

Драматург и превод:

Горјан Милошевски

Сценографија, дизајн на кукли и маски:

Олга Зјебињска (Р.Полска)

Костимографија:

Олга Зјебињска (Р.Полска)

Композитор и корепетитор:

Лазар Новков (Р.Србија)

Дизајн на плакат и брошура:

Олга Зјебинска (Р.Полска)

FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Јануари 2023
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Маркетинг