Некој нека ми каже колку сум важен

  • Сцена: Детска
  • Времетраење: 70 минути
  • Премиера: 26.12.2020
{JEVK2EMBED}

Режија: Слаѓана Килибарда
Работена според: приказната „Курт Кво Вадис“ на Ерланд Лу

Ерленд Лу, познатиот норвешки, современ писател и еден од омилените писатели на нашите читатели, напишал серијал книги за деца во кои главен јунак е возачот на вилушкар, Курт.


Во оваа приказна, Курт, поради високите општествени кругови во кои се движи, станал несигурен во себе и со својот мал син тргнува по потрага на своето големо дело што ќе му помогне и тој да стане важен во своето опкружување.


Додека ја правевме оваа претстава не сакавме да бидеме како некои „паметни големи луѓе” кои ќе ги научат нешто децата. Инаку, децата се многу често многу попаметни и од нас, баш како Бад, кој има само неколку годинки, а е попаметен и од својот татко. Сакавме на децата да им раскажеме приказна и со нив да ги споделиме мислите, грижите и чувствата кои растеа во нас додека се дружевме со Ерленд Лу и неговиот главен јунак Курт.

  • Нормално е во исто време да бидеш обичен и необичен.
  • Нормално е зад себе да оставиш некакви траги кои се добри, ама и некои кои не се толку добри.
  • Не мораме да бидеме светски шампиони за да нè сака некој.
  • Ќе направиме некоја навистина битна работа, ако за неа не очекуваме аплаузи. Ако ја правиме само затоа што ни е навистина важна, а не за да ги вчудоневидиме другите.

Драматизација:

Милена Деполо

Сценографија:

Благовеста Василева и Слаѓана Килибарда

Костимографија:

Благовеста Василева

Дизајн на кукли:

Благовеста Василева

Избор на музика:

Слаѓана Килибарда

Кореографија и сценски движења:

Валентино Апостоловски

Рецензии

(www)

Прес центар

(www)

FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Ноември 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30

Маркетинг