22 February 2015

Привршуваат работите околу реновирањето

There is no translation available.

Во Театарот за Деца и Младинци привршуваат работите околу реновирањето на ентериерот, со што се создаваат услови за започнување со редовно играње претстави во 2015-та година.

Но, пред тоа на 20.02 2015 Театарот, веќе традиционално гостува во Струмица за да го одбележи денот кога прерано згасна животот на Игор Маџиров, поранешниот актер на нашиот театар. Овој ден, последниве неколку години се одбележува со играње на претстава во чест на нашиот колега. Оваа година ќе гостуваме со новата постановка на МОГЛИ, претстава во која своевремено Маџиров ја толкуваше насловната улога.

По гостувањето во Струмица, Театарот за деца и младинци ќе започне со стандардниот репертоар на матичната сцена.

FaLang translation system by Faboba

Monthly repertoire

June 2024
M T W T F S S
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Marketing