19 August 2020

Претставата Јованче и Марика на Охридско Лето

There is no translation available.

jovanche i marika posterНа 21 август 2020, на сцената ДОЛНИ САРАЈ во Охрид, во 20:00 hours Н.У. Театар за деца и младинци ќе гостува на јубилејното 60. издание на фестивалот ОХРИДСКО ЛЕТО со претставата ЈОВАНЧЕ И МАРИКА, во Режија на Давор Драгојевиќ. 

Јованче и Марика се најпознатите брат и сестра во литературата за деца. Браќата Грим им подариле "вечен" живот, а многу генерации растеа со оваа прекрасна бајка која ни ја покажува вистинската љубов во семејството, добрината и пожртвуваноста. 

Куклената претстава ЈОВАНЧЕ И МАРИКА е наменета за најмладата публика. Во неа играат: Катарина Илиевска Силјановска, Драган Довлев, Ана Левајковиќ Бошков, Марија Ѓорѓијовска и Ангела Димитрова.

Воедно Ве известуваме дека претставата ќе се изведува според сите здравствени протоколи, во координација со организаторите на фестивалот ОХРИДСКО ЛЕТО.

FaLang translation system by Faboba

Monthly repertoire

December 2022
M T W T F S S
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Marketing