28 May 2015

ПРЕМИЕРА НА „ЗАСПАНИОТ РАЗУМ РАЃА ЧУДОВИШТА ИЛИ ДЕНЕС НЕ НАПИШАВ НИ ЗБОР“

There is no translation available.

На 11 јуни, 2015 година, from 20 hours, на сцената на Театар за деца и младинци, премиерно ќе биде изведена претставата „Заспаниот разум раѓа чудовишта или денес не напишав ни збор!“ (целосниот назив на претставата) во режија и драматизација на Владимир Милчин. 

Ова е веќе трета претстава за младинска сцена при нашиот театар, истакна директорот на Театар за деца и младинци и актер, Драган Довлев.  По големиот успех со претставата „Нашиот клас“ завршивме нов процес со режисерот Владимир Милчин. Овој пат обработуваме компилација на дела. Нашата претстава е посветена на две многу слични судбини, додаде Довлев.

Претставата е работена по извадоци from делата на Данил Хармс и „Сонот на разумот“ from Антонио Буеро Ваљехо.Вечната борба на уметникот со авторитетите, односот кон слободата и гладта за истата се некои from темите со кои оваа претстава се занимава, а сето тоа видено преку пресеци from животите на два великани, Хармс и Гоја. Како што истакнува и самиот режисер целата претстава може да се сублимира во една реченица: „Времињата се менуваат, а владетелите не“.

DSC 7955 2

Се разбира дека сликарот Франциско де Гоја (1746-1828) и писателот Данил Хармс (1905-1946) не можеле да се сретнат ни во просторот ни во времето. Првиот се родил во преднаполеоновска Шпанија, а умрел во Франција во врeмето кога со Шпанија повторно владеел злобниот автократ Фернандо VII. Вториот се родил во царска Русија, а умрел from изгладнетост во затворска болница во Ленинград кога во СССР владеела челичната тупаница на Сталин. А сепак, Гоја и Хармс се среќаваат во нашата претстава во Театарот за деца и младинци вели Владимир Милчин. Претходникот на модерното сликарство и претходникот на литературата на апсурдот. И едниот и другиот многу пред своето време со многу слични судбини. И денес, „црните слики“ на Гоја и гравурите from неколкуте албуми претставуваат предизвик и загатка за толкувачите на уметноста, исто како Хармсовите стихови, прозни дела и драми.

DSC 8338 2

И едниот и другиот паднале во немилост кај семоќните властодршци и биле прогонувани from чуварите на идеологијата, верата и моралот. Некои from тие етикети се во употреба и денес кај современите автократии.  Милчин потенцира дека: Човештвото не оди во прогрес. Со нас се’ уште управуваат владетели. Притоа во нивните дела и во претставата е видливо присуството на Бог кој се забавува на наша смисла. Токму затоа се поставуваат прашањата: „Дали нашето постоење има смисла и ако има from каде потекнува? И што е одговорот на тоа? Дали човекот треба да го осмисли своето постоење или да потоне како обезличено човече во стадото?“

Понатаму, актерите Тања Кочовска, Предраг Павловски и Мартин Јорданоски се надоврзуваат со свои коментари.  Кочовска е задоволна from укажаната шанса за прв пат да работи со Владимир Милчин во претстава во нејзиниот матичен театар. Драго и е дека актерите со оваа претстава влегуваат во „ново истражување, во нови води“. На тоа, Предраг додава дека преку „колективен дух, голема екипираност кои постојат во ансамблот секогаш сакаш да влезеш во вода во која не си влегол“. Мартин Јорданоски јасно истакнува: „Сакаат да не’ поделат на подобни и неподобни. Сакаат да не’ умрат from глад. Ни измислуваат закони за хонорарци.... Ова е отсликување на општеството, на некое поранешно општество и се надевам не и некое итно.“

DSC 7935 3

Во претставата играат: Драган Довлев, Мартин Јорданоски, Мики Анчевски, Владимир Лазовски, Предраг Павловски, Ана Левајковиќ Бошков, Татјана Кочовска Павловска, Емра Куртишова, Наташа Петровиќ, Симона Спировска, Наташа Петровиќ. Сценографијата е на Крсте Џидров, а костимите се на Марија Папуческа.




FaLang translation system by Faboba

Monthly repertoire

April 2024
M T W T F S S
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30

Marketing