9 February 2017

Нова претстава - „МАЧОРОТ ВО ЧИЗМИ“

There is no translation available.

Театарот за деца и младинци from Скопје, ги почна подготовките за претставата „МАЧОРОТ ВО ЧИЗМИ“, чија адаптација на познатата приказна from Шарл Перо ја направи Горјан Милошевски, според заедничките идеи на режисерот Игор Ивковиќ.

Претставата е замислена да биде своевидно магионичарско-илузионистичко шоу, преку кое ќе ја пренесеме пораката дека доброто секогаш го победува злото и дека подадената рака на луѓето кои се во неволја е највредната човечка карактеристика. Создаваме вистинска херојска комедија за деца, па и возрасни, исполнета со многу смеа, музика, магија и илузија, обаснува режисерот на претставата Игор Ивковиќ.

Главната улога на Мачорот, ќе ја толкува Мартин Јордановски, а покрај него играат и: Ненад Митевски, Мики Анчевски, Марија Трајановска, Емра Куртишова, Владимир Лазовски, Ана Левајковиќ и Винета Дамчевска. За потребите на претставата како соработник е ангажиран и познатиот македонски илузионист и магионичар Гого Реквием.

Со режисерот Ивковиќ повторно ја обмисливме приказната за Мачорот во чизми. Испишав драматизација многу различна from старата бајка. Децата и возрасните ќе можат да гледаат една урнебесна авантура полна и богата со брливи ликови што сака да ги поттикне да се смеат и уживаат. Текстот пренесува порака како да се сака и сподели животот со нашите пријатели и сакани. Како преку добрина и отворено срце наоѓаме пат до поубав живот. Во оваа драма и претстава ги нема лукавоста, расипаната снаодливост и важноста на материјалните добра кои се истакнати во традиционалната бајка, вели авторот на текстот Горјан Милошевски.

Музиката за претставата ќе ја работи Бојан Петков („Летечки пекинезери“), корегорафијата е на Валентин Апостоловски, а дизајнот на сценографија и костими ќе ја работи Маре Трајковска.

Со „Мачорот во чизми“, Театар за деца и младинци отпочнува со реализација на програмата за 2017 година, во која се предвидени и уште две хит претстави „Снежната кралица “ во режија на Софија Ристевска и „Во месечевата соба“ во режија на гостинот from Бугарија Петар Пашов.

FaLang translation system by Faboba

Monthly repertoire

March 2024
M T W T F S S
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Marketing