14 July 2023

Награда на фестивалот „31. Которски фестивал на детски театри" во Котор

There is no translation available.

Претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ од Астрид Линдгрен, во режија на Јакуб Максимов на фестивалот на „31.Которски фестивал на театри за деца”, што се одржа од 02.07 до 12.07.2023 година во Котор, се закити со наградата НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА што ја доделува жирито на Град Котор, поради како што велат во одлуката: „компактна игра и синергија на актерите,куклите и музиката“.

 „Роња, ќерката на ограбувачот“ премиерно беше изведена на 26.12.2022 година, и веќе во месец мај 2023 година се закити со првата награда на ,,Новосадските театарски игри”, кои се одржаа од 8 до 15 мај 2023 година во Нова Сад, Република Србија, и тоа:

  • ГРАН ПРИ за најдобра претстава
  • Наградата за најдобра анимација на кукли ја доби нашата актерка Матеа Јанковска која ја има улогата на „Роња” во истоимената претстава.

Ronja

Веднаш потоа нашата претстава зеде учество на “25.Меѓународен куклен фестивал ЗЛАТНА ИСКРА”  во Крагуевац, Р. Србија кој се одржа од 16.05.2023 до 18.05.2023. каде се ги доби следните награди и тоа:

  • Матеа Јанковска освои  награда за актерско остварување
  • Лазар Новков за најдобра музика

Би сакале да потсетиме исто така дека на фестивалот 57. МТФ „ Војдан Чернодрински” Прилеп, наградата за млада актерка ја додели на нашата Матеа Јанковска за улогата на Роња во претставата  „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Роња

Во претставата играат: Матеа Јанковска, Никола Наковски, Ангела Димитрова, Мики Анчевски, Петар Стојанов, Катарина Илиевска – Силјановска.

Поубав крај на една сезона не можевме ни да посакаме. Нека се множат успеси и натаму.

Од септември се гледаме во Театар за деца и младинци и на други меѓународни фестивали.

Monthly repertoire

November 2026
M T W T F S S
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Marketing