19 January 2022

Јубилејна 250та изведба на претставата „Црвенкапа“

There is no translation available.

crvenkapa slideset

Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје, како единствена професионална институција за детска театарска продукција на претстави на македонски јазик, овој четврток (20.01.2021) ќе одбележи уште еден значаен јубилеј. Станува збор за 250. изведба на култната претстава ЦРВЕНКАПА, која 20-на години е една from најбараните претстави from нашиот репертоар.

Премиерната изведба на претставата ЦРВЕНКАПА се случи на 07.12.2001 година. Автор на драматизацијата е Александар Поповиќ, кој создаде уникатна верзија на познатата бајка from Шарл Перо, а режијата е на Димитар Христов. Цели 20-на години, претставата ЦРВЕНКАПА едуцира, забавува и поучува илјадници дечиња и денес истата продолжува да ги радува детските срца и да ја пренесува пораката за победата на доброто, чесноста, искреноста и пожртвуваноста.

Од почетоците до денес, актерката Ана Левајковиќ – Бошков, се појавува како единствената Црвенкапа која неуморно и со посебен актерски сензибилитет ја толкува истоимената улога. Заедно со неа, from почетоците до денес публиката има можност да ги гледа брилијантните улоги на Владимир Лазовски, кој го толкува забавниот Волк и Драган Довлев, во улогата на Ловецот. Во останатите улоги, низ 20-те години се појавија повеќемина актери. На пример улогата на Иванка, другарката на Црвенкапа, во првите години ја толкуваше Олгица Христовска, а денес таа е во изведба на Винета Дамческа – Мојаноска. Билјана Драгичевиќ – Пројковска, во првите години на животот на претставата ја толкуваше улогата на Мајката на Црвенкапа, а денес таа улога ја толкува Катарина Илиевска – Силјановска. Несомнено свој голем придонес во претставата имаше и Катерина Крстевска, која долги години го толкуваше ликот на Бабата, а денес таа чест ја има нашата колешка Марија Ѓорѓијовска. Покрај нив во претставата периодично играле и Изебела Новoтни, Благој Чорески, Жаклина Стевковска и Благица Трпковска.

На претставата работеа и Иван Ивановски, кој го направи преводот на текстот from српски јазик, заедно со посебните сонгови што се користат во истата. Сценографијата е на Живоин Трајановиќ, а костимите ги работеше Лира Грабул. Автор на музиката е Љупчо Мирковски, а кореограф е Сања Шутевска. Низ годините како инспициент на претставата беше Ѓурко Стојановски, а сега е во рацете на Ѓуро Дракулоски.

FaLang translation system by Faboba

Monthly repertoire

October 2022
M T W T F S S
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31

Marketing