20 March 2020

20ти март, Интернационален ден на театарот за деца и младинци

There is no translation available.

WTD2019Секој 20 март кога доаѓа и пролетта, ширум светот се прославува ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ.
Годинешната светска порака по тој повод е испратена преку Ивет Харди, претседателка на Светската мрежа за театри за деца и млади ASSITEJ International.
Честит празник!


„Што му значи на едно дете да стапне во креативна средба, да биде повикано во ново искуство во уметноста? Зошто е тоа толку важно за секое дете?Неодмна бев привилегирана да слушам како зборува и свири Јо-Јо Ма, голем виолончелист. Тој спомна нешто што го нарече Културно гостопримство. Тој тоа го доживува како капацитет (а секако и како обврска на уметноста) да прегрне сѐ што е ново, иновативно и несекојдневно. Нешто што се маргинализира, нешто што не се слуша и се игнорира... Тој смета дека ние како уметници имаме задача да бидеме гостопримливи кон гласовите, формите и техниките и да дозволиме во текот на процесот и самите да се промениме.

Тоа ме потсети што значи да бидеш домаќин, а што гостин. Еден from најважните елементи на двете страни е квалитетот на слушањето, подготвеноста да се исчекори from познатото и удобното, да се прифати и слави различноста.

Голем е оној домаќин кој прави сѐ за сите да се чувствуваат како дома, без оглед на тоа from каде доаѓаат или со какви искуства. Тој, заради вистинска заинтересираност за личноста која му е дојдена на гости, ќе го занемари своето его. Тоа е некој што на сите сака да им го овозможи најдоброто можно искуство. Голем е оној гостин кој на секоја средба и приоѓа со безгранична љубопитност, со желба да научи нешто за другиот и без страв да проба нешто ново.

Во тој простор на взаемна рецептивност наоѓаме поврзаност, изненадување и длабоки поуки. Од овие средби излегуваме променети. Го допревме, во себе и во другите, тоа што не прави човечки суштества.
Тоа е тој непроценлив миг кој ни го овозможува уметноста. Како театарски уметници ние мораме да наоѓаме начин со дарежлив дух да ги повикаме децата и младите луѓе да ни се придружат на овие средби, со желба да ја слушаме публиката онолку колку што сакаме и таа да не слуша нас.

А кога тоа ќе се случи, чувствуваме дека поврзаноста расте... наоѓаме заедничко тло, ја гледаме големата слика и делиме заеднички чувства и емпатија. Имаме чувство дека сме битни, дека и другите се битни, дека она што заедно го истражуваме е битно.

Во ова време кога се повеќе луѓе се отфрлени, вратени from граници и аеродроми, одбиени бидејќи потекнуваат from друга класа, етникум, религија или зборуваат друг јазик, уметник е оној кој има капацитет да овозможи чувство на припаѓање, чувство на поврзаност.

А тоа му е потребно на секое дете.

FaLang translation system by Faboba

Monthly repertoire

March 2024
M T W T F S S
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Marketing