Родена на 30.12.1985год. во Скопје. Во 2009та година дипломира на Факултетот за Драмски Уметности – Скопје, во класата на проф. Владимир Милчин и асс.Сузана Киранџиска. Дипломира со претставата “Вртелешка” од Артур Шницлер во улога на Слатката девојка.За време на студирањето дел е од значајни работилници за размена на искуства во три фази – Македонија, Германија и Франција предводени од проф. Владимир Милчин.
2009та год.
- Едукативна емисија “Зборувајте Македонски” на МТВ во режија на Владо Денчов.
- Радио драми на македонско радио, посценарио на Владо Димовски.
- Скопје ремикс - филм “Мангава диско панк” во режија на Саша Станишиќ.
2010та год.
- Претстава “Лили” во режија на Софија Ристевска.
- Претстава “Исти на различен начин” во режија на Наташа Поплавска.
- Претстава за деца “Волшебникот од Оз” во режија на Нина Николиќ
2011та год.
- Македонски народни приказни на Сител ТВ, во режија на Драган Вељановски.
- Детски игран филм “Духот на баба Илонка” во улога на младата Илонка, во режија на Томислав Жаја.
- Краткометражен филм “Г-ѓа Рубин” во улога на мед.сестра, во режија на Костадин Анастасов.
- Кореодрама “Во нас” копродукција со Приштина, во режија на Наташа Поплавска.
- Документарен филм “Иднината денес” во режија на Игор Иванов.
Во 2012та година се вработува во Театар за Деца и Младинци каде во моментов ги игра следните претстави:
- Цветната улица во улога на принцезата Флора, во режија на Наташа Поплавска.
- Грдото пајче во главната улога, во режија на Дејан Дамјановски.
- Дкамерон копродукција со МНТ, во улога на Џулија, во режија на Боњо Лунгов.
- “Пипи долгиот чорап”во улога на Аника, во режија на Драгана Попов Милошевски.
- Рекламна бајка во улога на вештерката Камиша, во режија на Русомир Богдановски.
2013та год.
- Руски сериски филм “Кум” во режија на Тимур Алпатов.
2014та год.
- Во процес на две премиери во Театар за деца и младинци:
- “Бајка за царот Нај” во улога на Сончев цвет, во режија на Коле Ангеловски.
- “Нашиот клас” во улога на Рахилка, во режија на Владимир Милчин.