9 Септември 2014

Реконструкција и реновирање

Во моментов во Н. У Театар за деца и Младинци се реновира партерот, се монтира комплетно нов сет од 112 столици. Во наредниот период хронолошки ќе се одвиваат следните инфраструктурни зафати. Реконструкција на две простории и нивно пренаменување во гримјорни со вкупно 7 места (4+3), со што добиваме уште по една женска и машка гримјорна.

Веднаш потоа комплетно ќе се реконструираат и реновираат службените тоалети.

Потполно нов лик ќе добијат и јавните тоалети, кои ќе имаат 5 кабини, две женски, две машки и една кабина за инвалидизирани лица, со лесен пристап до неа.

И на крај ќе се реновираат фоајето, бифето и излогот, со нова електрична инсталација, нов мебел итн.

Заради згуснатиот распоред и обем на активности на театарот реализацијата на проектите за реконструкција на јавните тоалети, фоајето, бифето и излогот ќе се реализира во фази, а проектите треба да финишираат до средината на месец Јануари 2015 година. И тоа не е се.

Овие инфраструктурни зафати се само привремени, бидејќи Министерството за Култура на РМ, во соработка со Н. У. Театар за Деца и Младинци, во наредниот периот од 3 до 4 години, треба да го реализираат проектот за трајно просторно решение на нашата установа. Според идејното решение на овој проект се предвидува дислокација на сцената и гледалиштето, кои нема да зависат од станбениот комплекс над нив. Сцената се проширува на респектабилни 8X8, се добива и во висина, додека гледалиштето се зголемува на сосема доволни 172 места. Притоа, треба да дојде до комплетна дислокација, на гримјорните, шивалната, салата за читачки проби, канцелариите, а ќе се добие простор за ателје, фундус, неколку депоа за складирање на декор и делови од сценографија.

Со ова Н. У. Театар за Деца и Младинци, конечно ќе може да се пофали дека располага со респектабилен објект за вршење на својата дејност и остварување на својата поширока општествена задача на која е обврзан.



FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Март 2023
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Маркетинг