Премиерата на претставата Нашиот Клас е закажана на 30-ти Април.
Напоменуваме дека се работи за претстава наменета за публика искллучиво над 14-годишна возраст. Затоа терминот во кој ќе се игра оваа претстава секогаш ќе биде среда, 20.30 часот.
Оваа претстава е уште еден обид да и се даде посебно место на младинската сцена, како нераскинлив дел од нашиот театар.
Ги повикуваме сите деца кои во измининатите години биле наша редовна публика, а сега спаѓаат во целната група +14 години, да дојдат, да ја гледаат оваа претстава и да ни помогнат нашиот сон за силна и стабилна младинска сцена да стане реалност.
Н.У. Театар за деца и младинци и во иднина ќе продуцира проекти наменети на младинската публика.