По успешното прво издание на Интернационалниот фестивал на детски театари „ИГОР МАЏИРОВ“, Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје отвора ПОВИК за избор на визуелен идентитет на ВТОРОТO издание на фестивалот што ќе се одржи од 27.-30. септември 2023 година.
Годинешното издание е посветено на претстави од камерен формат, со универзален јазик и современи театарски форми на создавање претстави за деца.
Дизајнерското решение треба да испраќа јасна порака наменета за детската публика. Во графичкиот изглед задолжително е да се инкорпорира и логото на фестивалот. Предложеното режение треба да биде лесно препознатливо, да се одликува со современа естетика и да биде достапно за адаптации во најразлични графички форми.
УСЛОВИ
- На повикот може да учествуваат правни и физички лица;
- Повикот ќе трае 30 дена од денот на неговото објавување;
- Секој од учесниците има право да учествува со по еден труд.
- Дизајнерските решенија и целата кореспонденција поврзани со јавниот повик се пишуваат на македонски јазик.
- Оценувањето на трудовите ќе ги врши Оценувачка комисија, составена од тројца членови.
- Форматот на дизајнерските решенија, треба да содржи текстуален и графички дел од кои што, текстуалниот е на А4 формат и графичкиот на А3 формат.
- Дизајнерскиот труд се предава во затворена обвивка на адресата: Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија со назнака „ Изработка на дизајн за визуелен идентитет на интернационалниот фестивал на детски театри Игор Маџиров“ 2023“.
- Краен рок за предавање на дизајнерските решенија е 29.04.2023 година (12 часот)
Критериуми за оценување
- Уникатност на предложениот дизајн (идејните решенија да имаат јасен наратив - концепт)
- Високо ниво на иновативност, креативност во осмислување на дизајнот, впечатливост и оригиналност на ликовниот израз;
- Лесна адаптибилност и препознатливост на дизајнот;
- Во графичкиот дизајн задолжително е да се инкорпорира и логото на фестивалот;
- Да имаат впечатлива ликовна колоритност и стилски изразни средства во функција на основната дејност на институцијата;
- Да е во согласност со светските дизајнерски трендови;
Логото на фестивалот можете да го преземете на двата јазика во векторски (.svg) формат од тука: МКД - АНГ
СЕЛЕКЦИЈА:
Предвидено е доделување на прва награда за откуп на авторски права за најдобро дизајнерско решение и ангажирање на авторот.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
- Со предавањето на дизајнерското решение секој учесник ги прифаќа пропозициите на јавниот повик,
- Секој учесник поединец или група, може да учествува само со по еден труд;
- Распишувачот на јавниот повик со доделување на откупот и обештетувањата на предложените дизајнерски решенија, согласно Законот на авторски права ги откупува авторските права. При откуп на дизајнерското решение, авторот не го губи неговото морално авторско право.
- Оценувачката комисија нема да ги разгледува оние дизајнерски решенија кои што ќе пристигнат по предвидениот рок или не се изработени според програмата и расписот на јавниот повик.
- Јавниот повик ќе биде објавен на веб страната на Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје