04.10.2024 (петок)
ПОЧЕТОК: 11:00 ч
СЦЕНА: Драмски театар
ТЕАТАР: Национален театар Тоша Јовановиќ, Куклена Сцена, Зрењанин, Србија
НАСЛОВ: Прадевојче
СПОРЕД РОМАНОТ ОД Десанка Максимовиќ
AВТОР: Мина Петриќ
РЕЖИЈА: Соња Петровиќ
СЦЕНОГРАФИЈА: Ирина Сомборац
ДИЗАЈН НА КУКЛИ: Ирина Сомборац
КОМПОЗИТОР: Ненад Којиќ
ИГРААТ: Уна Беиќ, Предраг Грујиќ, Данило Михњевиќ, Олгица Трбојевиќ Костиќ, Наташа Милишиќ, Снежана Попов, Мирослав Мацош
ЗА ПРЕТСТАВАТА:
Ова е драма за праисторска цивилизација, животот тогаш, инспирирана од најуспешното прозно дело за повозрасни деца од Десанка Максимовиќ. ПРАДЕВОЈЧЕ е претстава-метафора за вечното детство и детството на сета човечка цивилизација. Животот на праисторискиот човек е навидум едноставен и тоа им даде многу можности за имагинација на Десанка Максимовиќ и авторскиот тим на претставата. Токму ова беше инспирацијата за нашата „Куклена сцена“ да создаде претстава што се бави со екологијата и родовата рамноправност. Пишувајќи за ова пештерско девојче, Десанка пишува за сите девојки кои сакаат повеќе отколку што општеството планира за нив. Децата ја чувствуваат социјалната неправда и со читање и гледање приказни можат да ја препознаат и да ја дефинираат, а тоа е првиот чекор кон совладувањето на таа неправда.
/ куклена изведба/ 55 мин./ 8+