ТЕАТАР: ХОП СИЊОР
Невербална куклена претстава (5+)
ПРЕТСТАВА: Жирафа
ТЕКСТ-РЕЖИЈА: Евгениа Цичлиа – Танос Сиорис
КУКЛАРИ: Танос Сиорис, Евгениа Цичлиа
МАНИПУЛАЦИИ: Мишел Виле
ПОСТАВУВАЊЕ СЦЕНА И КУКЛИ: Евгенија Цичила – Танос Сиорис
ДИЗАЈН НА СВЕТЛО: Кристина Танасула, Мелина Маша
МУЗИКА: Ангелос Агелидис, Антонис Скамнакис, Михаилис Калканис
„Не можам да се сетам што бев прво, кутија со пари или жирафа. Луѓето постојано ме хранат со монети кои изгледа дека никогаш не можам да ги сварам. Моите ноќи се полни со соништа. Понекогаш станувам играчка за гушкање и некој ме прегрнува. Понекогаш сум во шумата, трчам среде високите дрвја“.
Жирафата и кутијата со пари се менуваат и оживуваат во главите на нејзините различни сопственици. Без неа, малото момче ќе го загуби својот единствен пријател, а подоцна, љубителот на небото никогаш нема да стигне толку високо. Спојувајќи го живото со неживото, приказната го истражува животот што постои во секој предмет што носи емоции и чувства. Движењето, музиката и светлината се комбинираат во едно визуелно и поетско парче каде луѓето, куклите и предметите комуницираат и го истражуваат нивниот однос еден со друг.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 40 мин