Трибина

Презентација на тема: „АСИТЕЖ“ Уметнички собир ПРЕСВРТНИЦА 2023 година

АССИТЕЈ Србија, Здружение за развој на театар за деца и младинци

Следната година АССИТЕЈ Србија, асоцијацијата за развој на театарот за деца и младинци, ќе биде домаќин на најголемиот годишен собир на уметници и практичари на применети уметности, АССИТЕЈ уметнички собир на меѓународната асоцијација АССИТЕЈ, на која и припаѓа Србија. Зборот „уметнички“ во насловот никако не е случаен, бидејќи овој настан се фокусира на отворање простор за средба помеѓу уметниците, творците, истражувачите, каде што ќе може да разменат уметнички поими, идеи, практики, и каде што може да размислуваат за и да ги истражуваат актуелните прашања за применетите уметности за деца и млади и за оправданото барање на младите за поддршка и нивно соодветно место и вреднување во општеството. АССИТЕЈ Србија, како домаќин овој значаен настан, го нарече Светска конференција за театар за деца и младинци „Превртница“, која за прв пат во историјата на мрежата ќе го стави фокусот на Србија и регионот. Оваа единствена можност ни дава шанса да го свртиме вниманието на многубројните гости и колеги од странство на нашите конкретни заеднички искуства, а особено на нашата професионална сцена за применети уметности за деца и млади.

Светската конференција во 2023 година треба да понуди различни програми од различен вид и да создаде место за средба на колегите од целиот свет. Нашата идеја е да означиме пресвртница кон поинаква насока, која конечно би создала простор за непречен и конструктивен дијалог меѓу практичарите и сите учесници во креативниот процес и би ја направил  повидлива и поактуелна уметноста за деца и млади. Оваа интерактивна презентација ќе го претстави концептот и ќе иницира дискусија. АССИТЕЈ Србија е заинтересирана за мислењата на младите професионалци и претставниците од другите области кои се однесуваат на децата и младите и се грижат за нив, што треба да ни помогне да опредлиме каде Пресвртницата треба да се случи за да не поведе во правата насока. Со ова ве покануваме да ни се придружите и да ги споделите вашите очекувања и интереси, вашите потреби и предлози.

Трибина

ПРЕЗЕНТЕР
Дијана Кржаниќ Тепавац, актерка и театарски педагог, претседател на АССИТЕЈ Србија

Дијана е страстен застапник за правата на децата на култура и уметност.

Таа е професионална актерка со долгогодишно искуство во  педагошка театарска работа со и за тинејџери. Во 2005 година, таа се приклучи на новооснованата асоцијација АССИТЕЈ Србија, огранок на меѓународна организација посветена на поттик и промовирање на театарот за деца и младинци, каде што беше избрана за претседател на АССИТЕЈ Србија во 2008 година и реизбрана трипати (и сéуште е актуелен претседател). Таа е автор, продуцент и координатор на бројни проекти спроведени преку АССИТЕЈ Србија посветени на поддршката, развојот и промоцијата на младите уметници и применетите уметности во Србија наменети за младата публика. Таа беше член на Меѓународниот извршен комитет на АССИТЕЈ (2011-2017) каде придонесе да се креираат политики и развој на програмски активности, со фокус на професионалниот развој на театарски работници за млади преку програмата Следната генерација, незјин сон кој успеа да го исполни преку спроведувањето на програмата Следната генерација во регионот на Западен Балкан. Нејзината иницијатива и долгогодишна работа на реализација на нејзината иницијатива за првпат да го донесе АССИТЕЈ уметничкиот собир во Србија и регионот на ЈИЕ станува реалност во 2023 година, а Белград и Нови Сад ќе бидат домаќини на овој меѓународен настан.

Месечен репертоар

Ноември 2026
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Маркетинг