СЦЕНА: ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ - СКОПЈЕ
ТЕАТАР: ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ „МЕРЛИН“, ТЕМИШВАР, РОМАНИЈА
ДРАМАТИЗАЦИЈА: РОБЕРТ КОПОЦ, ЛАУРЕНЦИУ ПЛЕША, ДАВИД ЗУАЗОЛА
РЕЖИЈА: ДАВИД ЗУАЗОЛА
ИГРАAT: РОБЕРТ КОПОЦ, ЛАУРЕНЦИУ ПЛЕША
КОМПОЗИТОР: ЛАЗАР НОВКОВ/ СЦЕНОГРАФИЈА: ДАВИД ЗУАЗОЛА, АТИЛА БАЈКО/ ДИЗАЈН НА СВЕТЛО, ВИДЕО МАПИРАЊЕ, ДИСТРИБУЦИЈА: ЛАУРЕНЦИУ ПЛЕША, РОБЕРТ КОПОЦ
ЗА ПРЕТСТАВАТА: Некаде, во болница која се чини отсечена од времето, двајца пациенти делат соба. Господин Вајт, седејќи до прозорецот секојдневно гледа надвор кон паркот — свет полн со живот, боја и луѓе. Со секоја приказна што му ја раскажува на својот соборец, господин Блек, тој како да оживува реалност надвор од студените ѕидови на болницата. Еден ден, Господин Блек останува сам. Го преместуваат до прозорецот. Она што ќе го открие ќе доведе во прашање сè што мислел дека знае — за светот, за другиот и за себеси.
„Прозорецот“ е визуелна и трогателна медитација за кревкоста на перцепцијата, потребата од смисла и длабоката копнеж за светлина — дури и таму каде што се чини дека нема прозорец.
/невербален куклен театар/ 60 мин./ 12+