По завршувањето на конкурсот за учество на петтото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „ИГОР МАЏИРОВ“, што ќе се одржи од 13 до 17 октомври 2026 година во Скопје, позната е официјалната селекција на претстави што ќе бидат дел од натпреварувачката програма на фестивалот.
Селекцијата за годинашното фестивалско издание ја направи Катарина Илиевска Силјановска, актерка и долгогодишен театарски професионалец во областа на театарот за деца и младинци, основач и претходен Директор на Фестивалот и Театарот за деца и младинци.
Годинашната селекција носи различни театарски поетики, драмски и куклени форми и претстави создадени за различни возрасни категории на детската и младинската публика, обединувајќи професионални театри и автори од повеќе Европски земји.
Петтото, мало јубилејно издание на ИФДТ „Игор Маџиров“ продолжува да ја гради својата мисија, а тоа Скопје секоја есен да биде место на средба на современиот Европски театар за деца и младинци.
Во официјалната селекција на 5. ИФДТ „ИГОР МАЏИРОВ“ се:
„ПИНОКИО“
Н.У. Народен театар Битола, Северна Македонија
„ЦРВЕНКАПА“
Младински театар Нови Сад, Србија
„ПИЛОТОТ И МАЛИОТ ПРИНЦ“
Куклен театар Острава, Чешка
„ДРВЈАЦИ / ТЕРМИТИ“
Пинклец театар, Чаковец, Хрватска
„СТАРА ПЛАНИНА“
Театар за деца и млади Крагуевац, Србија
„ЧУВАРОТ НА ПОСЛЕДНОТО ДРВО“
Театар за тебе, Скопје, Северна Македонија
„СЛАТКИ ЗБОРОВИ“
Ријека, Хрватска
„СО БАЛОН НАД КАПАДОКИЈА“
Детски театар „Бранко Михаљевиќ“, Осиек, Хрватска
„ЛЕМБА“
Ángeles de Trapo, Малага, Шпанија
„ПАРАДИЖ“
Цеље, Словенија
На сите селектирани театри и авторски екипи им честитаме и им посакуваме добредојде во Скопје, на петтото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „ИГОР МАЏИРОВ“.
13–17 октомври 2026, Скопје
Селекторка на програмата
Катарина Илиевска Силјановска