6 Февруари 2020

Јубилејна 100-та изведба на „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“

Јубилејна 100-та изведба на „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“, во недела на 9 февруари 2020, на сцената на Театар за деца и младинци.

Претставата чија премиерна изведба се случи на 23 март 2013 година, е вистински хит цели седум години кај детската публика.

„Пипи долгиот чорап“ е работена според истоимената детска книга на Астрид Линдгрен и е лектира за основно образование. Одличната драматизација на Бојан Трифуновски, режисерката Драгана Милошевски - Попова ја претвори во незаборавна претстава. Не постои дете кое не би сакало да ги види вратоломиите на Пипи, оригинално девојче кое отскокнува од средината и по начинот на облекување и по начинот на однесување, пркосејќи им на сите општо прифатени норми и правила.

Пипи долгиот чорап

Интересот за нашата Пипи, одиграна од актерка Соња Стамболџиоска, досега е незапаметен. Претставата изобилува со исклучително одиграни карактери кои изобилуваат со хумор и ведрина, во изведба на актерите : Соња Стамболџиоска, Емра Куртишова, Мартин Јорданоски, Ана Левајковиќ – Бошков, Предраг Павловски, Тања Кочовска, Бојан Кирковски, Марија Ѓорѓијовска, Драган Довлев, Мики Анчевски и Владимир Лазовски/Горан Ников.

Авторскиот тим составен од :Режисерка Драгана Милошевски Попова, Драматизација и адаптација - Бојан Трифуновски, Сценограф - Кирил Васил, Костимограф - Марија Пупучевска, Композитор - Марјан Нечак, Сценски движења и кореографија - Симона Спировска.

Асистент на Режија - Драгана Стојчевска, Асистент сценограф - Енес Дреари, Асистент на костимограф - Марта Трендафилов.

FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Април 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Маркетинг