
Националната установа „Театар за деца и младинци“ - Скопје, за драмска дејност за 2025 година, има обезбедено буџет од страна на Министерството за култура и туризам, по претходна согласност од Управниот Одбор, за следниве три проекти:
- „Садако сака да живее", автор Карл Брукнер, адаптација и режија Тамара Кучиновиќ, куклена претстава во висина од 1.000.000 денари
- „Која е Лорет", автор Милена Деполо, режија Драгана Милошевски Попова, во висина од 800.000 денари
- „Децата од улицата Пал", автор Ференц Молнар, адаптација и режија Нела Витошевиќ, во висина од 700.000 денари
- 4-от Интернационален фестивал на детски театари „Игор Маџиров“ во висина од 600.000 денари
Од областа на Меѓународната дејност:
- Гостување со претставата „Музика на мојата птица“ на 30.Ревија на куклени театри во Риека, Република Хрватска, во висина од 430.000 денари
- Гостување со претставата „Франкенштајн“ на Интернационалниот театарски фестивал „МЕСС“ во Сараево, Босна и Херцеговина, во висина од 310.000 денари