Управа на Театар за деца и младинци

Фросина Карловицс
2025
Фросина Карловицс
Вршител на должност - директорка на Театар за деца и младинци
 

Карловицс е долгогодишен член на оваа институција каде што досега беше задолжена и одговорна за маркетингот на театарот и односите со јавноста.

 

Театар за деца и младинци е единствениот национален театар специјализиран за програмата за деца и млади. Со одлука на Владата е формиран на 02.02.1990, а првпат ги крена своите завеси пред публиката во Скопје на 25.03.1990 г. и оттогаш создава бајки со поинаков, ведар и магичен дух, како и претстави за тинејџери, младинци и возрасни. Игра голема улога во уметничкото и културното образование на најмладите благодарение на секојдневниот влог на ансамблот, раководството и целиот театарски тим финансиран од Министерството за култура.

Нашиот репертоар е особено разновиден. Ние сакаме да покриеме широк спектар на публика. На сцената се играат приказни во современ ритам и дух. Можете да гледате богат избор на претстави : од куклени и играни за деца па се’ до целовечерни младински претстави. Повеќе од три децении ние допираме до децата и младинците преку теми, фикции, случки и прашања кои ја поттикнуваат нивната фантазија, поставуваат темели и опфаќаат битни делови од нивните животи.

Распоредот и репертоарот на „Театарот за деца и младинци“ е тесно врзан со училишната година така што нашите изведби се на редовен репертоар од септември до јуни. На лето, пак, ги посетуваме фестивалите за детски претстави во и надвор од Република Македонија и што е најважно театарот организира свој меѓународен фестивал на детски театри „Игор Маџиров“. Преку тие прекрасни посети и размени на идеи, перспективи и искуства со нашите колеги од странство ние можеме да ја претставиме нашата несебична визија за драмскиот свет што расте и продуховува генерации и генерации млади луѓе. ака Така се шири нашето другарство и соработка со многу други уметници во регионов и светот и се создава една суштинска и битна меѓународна мрежа на театри кои соработуваат и создаваат свежи театарски приказни.

Фросина Карловиц ја презема функцијата од Катарина Илиевска - Силјановска која ја водеше институцијата од 2017 година. Со новото раководство, театарот ја продолжува со својата мисија на продукција на квалитетни претстави за деца и млади, а во тек се подготовки за нови проекти кои ќе ја збогатат културната понуда на институцијата.

Ве чекаме!

 

Ваш ТДМ,
Дојдете да се дружиме!

Месечен репертоар

Ноември 2026
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Маркетинг