02.10.2024 (среда)
ПОЧЕТОК: 11:00 ч
СЦЕНА: Театар Комедија
ТЕАТАР: Краљевски театар
НАСЛОВ: Тогаш кога се изгубивме
АВТОР: Лоте ФАРУП
РЕЖИЈА: Дамјан Кецојевиќ
ИГРААТ: Александра Аризановиќ, Владимир Јовановиќ, Горица Динуловиќ, Зоран Церовина
СЦЕНОГРАФ: Зорана Петров
КОСТИМОГРАФ: Стефан Савковиќ
КОМПОЗИТОР: Владимир Пејковиќ
ДИЗАЈН НА СВЕТЛО: Бојана Лазиќ
ЗА ПРЕТСТАВАТА:
Тогаш кога се изгубивме е претстава која зборува за разводот. Главни јунаци се брат и сестра кои се обидуваат да ја спасат нивното „среќно семејство“. Тие го губат своето детство преземајќи одговорности и обврски на родителите. „...Децата често го возвраќаат ударот и преземаат многу несоодветна улога за да воведат ред во овој хаос. Борба што може да ги чини – нивниот идентитет. Оваа приказна за семејството што не може да се одржи заедно посакав да ви ја раскажам со многу љубов и почит за сите семејства кои поминуваат низ истата таа приказна.“ - Лоте Фаруп, режисер и драмски автор, Данска.
/драмска, семејна/ 75 мин./ 10+