05.10.2024 (сабота)
ПОЧЕТОК: 12:00 ч
СЦЕНА: ТЕАТАР КОМЕДИЈА
ТЕАТАР: МЛАДИНСКИ ТЕАТАР, НОВИ САД, СРБИЈА
НАСЛОВ: ПО ТРАГИТЕ НА ВОЛКОТ
СПОРЕД РОМАНОТ НА ЏЕК ЛОНДОН - ПОВИКОТ НА ДИВИНАТА
АВТОРИ, ДРАМАТУРЗИ: ЈАКУБ МАКСИМОВ И КАРОЛИНА АРАНДИЈА
РЕЖИЈА: ЈАКУБ МАКСИМОВ
ДИЗАЈН НА СЦЕНА И КОСТИМИ: КАРОЛИНА АРАНДИЈА
ДИЗАЈН И ИЗРАБОТКА НА КУКЛИ: МАРЕК ШТЕРБАК И ВЈАЧЕСЛАВ ЗУБКОВ
КОМПОЗИТОР: ЛАЗАР НОВКОВ
ИГРААТ: ЈЕЛИЦА ГЛИГОРИН, НЕДА ДАНИЛОВИЌ, СЛАВИЦА ВУЧЕТИЌ, АЛЕКСА ИЛИЌ, САША ЛАТИНОВИЌ, СЛОБОДАН НИНКОВИЌ И ДЕЈАН ШАРКОВИЌ
ЗА ПРЕТСТАВАТА:
„Бак, добро развиено куче со густо крзно, живеело во голема куќа во сончевата долина Санта Клара. Живеело среќно и ништо не му недостасувало се’ до момент кога... Зошто е толку ладно овде? Што е тоа бело нешто кое ми паѓа од небото на муцката? Каде брзаат сите? Кое животно мириса вака? Зошто ми го врзуваат телово со каиши? И што завива толку далеку? По трагите на волкот е авторска адаптација на познатиот роман од Џек Лондон, Повикот на дивината. Претставата е театарска композиција од 6 актери, 1 тапанар, 10 микрофони, 4 кучиња и 1 елен кои ја раскажуваат прикаската за домашното куче што го крадат и го продаваат да работи во провинцијата Јукон во Канада за време на златната треска во Клондајк.“ – ЈАКУБ МАСКИМОВ
/куклена претстава, драма/ 60 мин./ 10+