ЗЕМЈА: Крагуевац, СРБИЈА
ТЕАТАР: Детски театар Крагуевац
КУКЛЕН ТЕАТАР БЕЗ КУКЛИ – игра на прсти и тело
ВОЗРАСТ: 7+
АВТОР: Ана Душа и Тин Грабнар
РЕЖИЈА: Тин Грабнар
УЛОГИ:
Миломир Ракиќ, Љубица Радомировиќ, Милош Милановиќ и Сара Матејиќ
ДРАМАТИЗАЦИЈА: Ана Душа
МУЗИКА: Митја Врховник Смрекар
КОСТИМОГРАФИЈА: Сара Смрајц Жнидачиќ
Превод на спрски: Небојша Поп Тасиќ
Превод на знаковен јазик: Ана Келер
ЗА ПРЕТСТАВАТА:
Тивкото момче е куклена претстава без кукли - тоа е игра со прсти и говор на телото, заснована на принципите на таканаречениот театар на платформа, каде личноста на сцената во исто време може да е актер, кукла, сценски елемент и реквизит.
Момчето живее во голема куќа, некаде на село. Неговото семејство брои четири члена: покрај таткото и мајката на момчето, тука е и неговата петгодишна сестра - Лејла. Таткото, главата на семејството, е ловец; тој ја чува големата ловечка пушка заклучена во плакарот на поткровјето, подалеку од децата. Понекогаш, момчето оди на лов со својот татко, но не смее ниту да ја допре пушката - ќе може да пука само кога ќе го положи ловџискиот испит. Еден ден, кога децата биле сами дома, момчето открило дека вратата од таванот е отклучена. Иако не смееле, братот и сестрата тргнале да го истражат мистериозниот простор. Меѓу пајаците, лилјаците и старите весници, двајцата го наоѓаат забрането богатство: клучот од плакарот каде што татко им ја крие пушката.
Момчето се вика Вук и ова е неговата приказна.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 45 мин