Јованче и Марика

ЗЕМЈА: Битола, Р.С. Македонија
ТЕАТАР: „БАБЕЦ“
Детска (4+)
Работена според истоимената бајка на браќата Грим
РЕЖИЈА, СЦЕНОГРАФИЈА: Васко МАВРОВСКИ
КОСТИМОГРАФИЈА: Благој МИЦЕВСКИ
ИЗБОР НА МУЗИКА: Васко МАВРОВСКИ
СВЕТЛО МАЈСТОР: Игор МИЦЕВСКИ
СЦЕНСКИ ТЕХНИЧАР: Цветан ЈОВАНОВСКИ
ИГРААТ:
Јованче – Никола ПРОЈЧЕВСКИ
Марика – Јулијана МИРЧЕВСКА
Таткото – Петар СПИРОВСКИ
Маќеата / Вештерката – Катерина АНЕВСКА
 

Кратка содржина:
Со оваа претстава на децата ќе им понудиме една нова визуелизација на нивната добро позната бајка за прв пат запишана од браќата Грим, познатата приказна за двете деца чии таткото присилен од страна на неговата жена, односно маќеата, ги испраќа и ги остава во мрачната шума поради финансиските проблеми. Снаодливоста на двете деца како и нивната желба за промена на тешкото бреме кое без никаква вина мора да го носат на својот грб, за нас беше огромна инспирација за да направиме еден нов и современ прочит на оваа пред се хорор бајка во која внесовме многу свежина, комични наместо страшни ситуации и решенија, драматуршки заплети, многу танци и класична музика и едно ново визуелно решение на сценографијата и костимите поткрепени со многу магични визуелни ефекти кои треба да придонесат за едно незаборавно доживување на децата.

Целта на оваа претстава е на децата да им покажеме дека со многу љубов и грижа еден кон друг стануваме многу посилни и дека секоја авантура не учи нешто ново но дека најважно од се е да научиме да го разликуваме злото од доброто.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 45 мин.

Месечен репертоар

Ноември 2026
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Маркетинг