ДО_ГРАНИЦАТА

ЗЕМЈА: Сатриано ди Лучаниа, ИТАЛИЈА
ТЕАТАР: Театарска Компанија Петра
Танцова театарска претстава (6+)
АВТОР: Инспирација од Сузи Ли, Омбра, Корани Едиѕиони (© 2010 Suzy Lee)
РЕЖИЈА: Антонела Иалоренци
ИЗВЕДУВАЧ И КОРЕОГРАФ: МАРИАГРАСИА НАЧИ
ПРОДУЦЕНТ: Театарска компанија „ПЕТРА“
КОПРОДУЦЕНТ: ASS. BASILICATA 1799 – CITTA’ DELLE 100 SCALE FESTIVAL
КОНЦЕПТ И РЕЖИЈА: АНТОАНЕЛА ИАЛОРЕНЦИ
ОРИГИНАЛНА МУЗИКА: МАРИО ПЕПЕ и МАРКО ИЕЛПО
ДИЗАЈН НА СЦЕНА: ЛА ЛУНА АЛ ГУИНЗАЉИО
КУРАТОР НА СЦЕНА: СТЕФАНИА САГАРЕЗЕ
ВИДЕО АНИМАЦИЈА: БЕАТРИЧЕ МАЦОНЕ
ДИЗАЈН НА СВЕТЛО: АНЏЕЛО ПИЧИНИ
 

ЗА ПРЕТСТАВАТА:
Поткровје, гаража, визба, темно, валкано место полно со предмети коишто се трансформираат во боксерски ринг, планина што треба да се искачи, сончева плажа, железничка станица, аеродром и многу повеќе. Девојче го истражува просторот, ја надминува границата и игра во свет помеѓу реалноста и имагинацијата каде љубопитноста и стравот наизменично се мешаат и преплетуваат низ една емоционална манипулација со предметите. Дали таа ќе може да го доживее стравот како едно од чувствата неопходни за раст иразвој?--IN_totheborder е првата изведба од трилогијата, Граници, проект на истражување и уметничка продукција на темата граници што е наменета за деца и млади и се сосредочува на трите различни фази на раст. Преку театарскиот јазик, танцот и видео анимацијата, претставата го истражува светот на фантазијата со едно извонредно искуство кое се откажува од вербалниот јазик, нагласувајќи ги гестовите, слушањето и визијата преку гестуално и видео експериментирање. Претставата е инспирирана од различни текстови на автори кои, низ различни јазици и форми, делумно или целосно се среќаваат со темите што се обработуваат: тивката книга „Сенка“ на Сузи Ли, „Збирката на Џои“ на Кендис Флеминг и илустрациите на Жерар Ду Боа, „Приватниот живот на советските објекти“, „25 приказни од друг свет“ на Пјеро Пирето, „Антропологија на изведбата“ и „Од ритуал до театар“ на Виктор Тарнер.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 50 мин

Месечен репертоар

Ноември 2026
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Маркетинг