Режија и драматизација: Давор Драгојевиќ
Според мотивите од бајката „Палешка“ од Ханс Кристијан Андерсен
Претставата „Палешка“ е ново и модерно читање на истоимената бајка од Ханс Кристијан Андерсен, во која главниот фокус е даден на мајчинската љубов и нејзината сила. Претставата допира актуелни теми во современото живеење и растење на децата како различноста и прифаќањето на различноста кај себе и другите, соочувањето со суровоста на светот во процесот на растење и мајчинската љубов која е тука секогаш да нè заштити и спаси од сите тие опасности. Мајсторски изработените кукли водени со совршена прецизност и чувство од сите актери во екипата на сцената создаваат магија со која ќе се соживеат и децата и возрасните, велат од тимот на претставата.
Режисерот Драгојевиќ, во име на претставата ќе запише:
„....Мечтајте за да летнете
Нека не ви биде страв
И големи и малечки
Вилински ве носи прав.
Уживајте и љубете
Нека срцето ви пее
Знајте дека кај и да сте
Мајчинската љубов грее.“
Играат:
Драматизација:
Давор Драгојевиќ
Сценографија, костимографија, дизајн и изработка на кукли:
Кирил Василев
Композитор:
Алек Родиќ
Превод, адаптација и драматург на претставата:
Драгана Лукан Николоски
Препев на сонгови:
Тина Трпкоска