Гига Мега бајка

  • Сцена: Детска
  • Времетраење: 39 минути
  • Премиера: 16.11.2016
  • Возраст: 6+
30 Мар 2024 од 19:00 часот

Режија: Хана Миленковска
Автор: Горјан Милошевски (по мотиви од Ш. Перо)

Гига мега бајка“ е нова приказна која ни доаѓа од старите приказни. Четири актери кои не можат да ја почнат претставата „Пинокио“ зашто им фали актерот кој го игра Пинокио почнуваат да смислуваат своја приказна. Во паника но со многу фантазија ги раскажуваат познатите бајки и една своја и ги спојуваат во брза, смешна, забавна и поучена бајка - Гига мега бајка. Па така Црвенкапа го пресретнува Волкот и го кара зашто работел со мотика во дворот на баба и’. Тој е градинар кој само сака да живее во мирна и тивка градина и сака да помага на Бабата. А Бабата пак знае карате, Џит-Кун-До и Џиу-Џицу и на Волкот му одржува дебела лекција па тој исплашен сака да избега од својата приказна. Си заминува и ја среќава Поспаната Убавица со која тргнуваат во потрага по златната мотика и големата книга на знаењето...

Актерите ни редат еден куп необични и урнебесни случки кои палаво и магично создаваат еден чудесен свет на модерната бајка. Тие и меѓусебно се натпреваруваат кој ќе смисли подобра идеја за приказната, но секогаш добрата идеја победува.

Деца, мајки и татковци, време е за нова бајка зашто старите сите ги знаеме. Таа бајка ќе ја раскажеме со многу фантазија, љубов и пеење. Ќе ја раскажеме со една голема порака: Ако заедно смислуваме магични светови тогаш нема крај на нашата богата фантазија и ние стануваме подобри луѓе.

Сценографија:

Владимир Лукаш

Костимографија:

Елена Додевска

Музика:

Виктор Апосотолвски

Кореографија:

Валентино Апостоловски

FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Март 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Маркетинг