Лажеш Мелита

  • Сцена: Детска
  • Времетраење: 55 минути
  • Премиера: 29.12.2021
  • Возраст: 6+
{JEVK2EMBED}

Режија: Драгана Милошевски Попова
Автор: Иван Кушан

Лажеш Мелита“ на Иван Кушан е веќе класика на Балканските простори. Прекрасен роман за деца, кој на забавен начин ни кажува колку е важно и потребно секогаш да се зборува вистината. Но истовремено никако не смее да се запостави имагинацијата и креативноста на децата. Тоа е она што е најважно кај детето. Неговата слобода да создава светови, подобри од оној во кој живее. Еден ден, кога ќе пораснат, таквите деца, кои немаат рамки во размислувањњето, навистина го прават светот подобар. Роман за родителите кој под притисок на светот и општеството, во борбата за повеќе пари, не им обрнуваат внимание на своите деца. А вниманието, најчесто се надополнува со креации кои ги заменуваат вистинските потреби на децата. „Лажеш Мелита“ е интерактивна сложувалка која се базира на моќта на раскажувањето, најубавата но малку подзаборавена форма во детското секојдневие. Додека раскажувачот , додека ја раскажува, се трка со својата приказна, тој/таа креира свет кој е возбудлив и подобар од оној што го има, додека ги чека родителите да се вратат од работа. Сите сме Мелита, само најчесто таа Мелита во нас останува неразбрана.

- Бојан Трифуновски

Драматизација:

Бојан Трифуновски

Стручна соработничка:

Билјана Крајчевска

Сценографија и изработка на кукли:

Кирил Василев

Костимографија:

Елена Вангеловска

Композитор:

Срѓан Марковиќ

FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Март 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Маркетинг