Едвард Раце Ножици

  • Сцена: Младинска
  • Времетраење: 70 минути
  • Премиера: 22.10.2019
{JEVK2EMBED}

Режија: Нела Витошевиќ
По сценарио на Тим Бартон и Каролајн Томпсон

ЕДВАРД РАЦЕ НОЖИЦИ е култен филм на познатиот американски режисер Тим Бартон. Инспирацијата за оваа приказна Бартон ја црпи од неговото детство во кое поради неговата интровертност бил перцепиран како чудак. За да ја прикаже својата емотивна состојба се нацртал себе си како човек кој место раце има огромни ножици. Оттука произлегла и идејата за сценариото кое тој го развил и напишал заедно со неговата соработничка Керолајн Томпсон. Приказната зa човекот со раце ножици, кој неговото опкружување не може да го прифати, станала популарна низ целиот свет, особено кај младинската публика.

Новонастанатата драматизација за претставата ја врамува приказната за Едвард на еден сосема поинаков начин од сценариото. За разлика од сценариото кое е структурирано како флешбек на еден од главните женски ликови, овде приказната за човекот со раце-ножици ја раскажуваат сите ликови. Во низата на настани се отсликува малограѓанштинта на жителите од градот, нивната конзервативност и неможност да се соочат со различноста. На почеток тие го доживуваат Едвард како некаква егзотика, како некој кој внесува свежина во нивното рутинско секојдневие, за брзо после тоа да го отфрлат и прогласат како опасен за околината. Нивната комфорна зона е разнишана и таа позиција набргу се покажува дека општеството не е спремно да ја напушти, ниту пак зрело да се соочи со поинаквоста. И неговата љубов кон младата Ким предизвикува проблеми во заедницата и затоа тој мора да го напушти градот и да се врати повторно во замокот.

Нашата претстава зборува за тоа дека треба да ги прифаќаме различните од нас и да ги надминеме предрасудите кон другиот. Во оваа смисла таа има за цел да ги постави прашањата за тоа колку е нашето општество зрело и колку сме ние зрели за соживот со некој што изгледа поинаку, зборува поинаку, се облекува поинаку од нас и.т.н. Дали се овие ставови сменети во ова ново време или сеуште тапкаме во место по овие прашања. Колку е нашата заедница спремна да го наруши сопствениот конформизам, за доброто на другиот? Колку сме себични и колку е општото добро приоритет, а колку личниот интерес?! Спремни ли сме да му ја запечатиме судбината некому поради тоа што е различен од нас? Дали идејата за промена сеуште не плаши?!

Драматизација:

Нела Витошевиќ и Ивана Ангеловска

Сценографија:

Костантин Трпеноски

Костимографија:

Роза Трајческа Ристовска

Композитор:

Огнен Анастасовски

Рецензии

(Културен печат) Со чувство на емпатија кон поинаквите

(teatarskikritiki) Претстава за различноста, другоста, толеранцијата

(globusmagazin.mk) „Едвард раце ножици“: Супериорен приказна за различноста

Прес центар

(nezavisen.mk) „Едвард раце ножици“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(republika.mk) Современата бајка која се занимава со третманот на различностите „Едвард раце ножици“ утре премиерно во ТДМ

(a1on.mk) „Едвард раце ножици“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(vecer.press) „Едвард раце ножици“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(opserver.mk) „Едвард раце ножици“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(makpress.mk) „Едвард раце ножици“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(mia.mk) „Едвард раце ножици“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(smart.sdk.mk) Премиера на „Eдвард раце ножици“ за младинци над 14 години

(fakulteti.mk) „Едвард раце ножици“ – претстава за тоа како општеството ги прифаќа различностите

(ekran.mk) Вечерва во ТДМ премиера на „Едвард раце ножици“: Современата бајка која се занимава со третманот на различностите

(slobodnaevropa.mk) „Едвард раце ножици“ на Витошевиќ или колку сме спремни да се соочиме со различностите

(24.mk) Премиера на новата младинска претстава „Едвард раце ножици“

Media

FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Март 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Маркетинг