Режија: Давор Драгојевиќ
Автор: Браќата Грим
Јованче и Марика се најпознатите брат и сестра во литературата за деца. Браќата Грим им подариле ,,вечен” живот. Генерации и генерации растеа со оваа прекрасна бајка која ни ја покажува вистинската љубов помеѓу братот и сестрата,нивната добрина и нивната желба за среќно семејство.
Марика е мила, малку плашлива, Јованче љубопитен, храбар, доаѓаат во ситуација сами да се борат со вештерката,која го маѓепсала нивниот татко. Тука се преплетуваат светот на фантазијата и реалноста. Најважната порака на оваа бајка е дека и во најтешките моменти треба да веруваш во себе.
Дали бајка, во денешниот свет,кога на децата им се нудат најразлични содржини може да опстане? Дали може да ,,парира” на современата технологија, на компјутерските игри,на 3Д анимацијата? Секако дека може и тоа токму во театарот!
Играат:
Ангела Димитрова
Драматизација:
Дарко Ковачовски и Надја Василева
Сценографија:
Надја Василева
Костимографија:
Надја Василева
Композитор:
Љупчо Мирковски
Рецензии
(teatarskikritiki) Симбиоза меѓу куклите и актерите
Прес центар
(slobodenpecat.mk) „Јованче и Марика“ на 25 декември премиерно во Театар за деца и младинци
(sdk.mk) „Јованче и Марика“ првпат ќе се изведе во Театарот за деца и младинци
(24.mk) Претставата „Јованче и Марика“ премиерно на 25 декември во Театарот за деца и младинци
(a1on.mk) Претставата „Јованче и Марика“ премиерно на 25 декември во Театарот за деца и младинци
(vecer.press) Куклена претстава: “Јованче и Марика“ премиерно во Театарот за деца и младинци
(plusinfo.mk) „Јованче и Марика“ премиерно на 25 декември во Театарот за деца и младинци