1 Јуни 2019

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО И НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ БР.02-464/2

Врз основа на член 76-а, 76-б, 76-в член 77-а став (1) и став (2), член 77-б, 77-в, 77-г и член 77-д од Законот за култура, а во врска со Одлуката за објавување на јавен оглас бр.02-464/1 од 30.05.2019 година, Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас и пријавата за вработување на даватели на јавни услуги во Националната установа „Театар за деца и младинци“ – Скопје бр.02-28/3 од 14.01.2019 година, и Согласноста од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства бр.04-94/2 од 07.02.2019 година, на ден 01.06.2019 г. се објавува:

ПРЕЗЕМИ ПРИЈАВА

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО И НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ БР.02-464/2

I.Националната установа „Театар за деца и младинци“ – Скопје има потреба од вработување на 3 (три) лица за следните работни места со реден број:

1.Актер четврта група – две (2) лица со шифра на работно место КУЛ 0304(А06)001, категорија А – уметници, ниво А6 на определено време од 5 години, со полно работно време, (40 работни часа неделно од 10-14ч. и 17-21ч.) согласно месечниот план за проби и претстави.Месечната нето плата без минат труд ќе изнесува 26.132,00 денари

2.Инспициент – асистент – едно (1) лице со шифра на работно место КУЛ 0304(Б02)009, категорија Б – уметници ниво Б2 на неопределено време, со полно работно време, (40 работни часа неделно од 10-14ч. и 17-21ч.) согласно месечниот план за проби и претстави.Месечната нето плата без минат труд ќе изнесува 27.034,00 денари

II.Кандидатот за работните места Актер четврта група и Инспициент - асистент треба да ги исполнува општите услови:

  • Да е полнолетен,
  • Да има општа здравствена способност за работното место и
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Покрај општите услови за пополнување на работното место актер – четврта група, кандидатот треба да ги исполни и следните посебни услови како:

  • Вид на образование: високо образование или најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, драмски уметности, отсек актер или средно уметничко образование;
  • Работно искуство: без работно искуство или до 1 (една) година во струката;

Покрај општите услови за пополнување на работното место Инспициент - асистент, кандидатот треба да ги исполни и следните посебни услови како:

  • Вид на образование: високо образование или најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, драмски уметности; општествени науки (организациски и продукциски способности)
  • Работно искуство: најмалку 1 (една) година работно искуство;

 

III.Пријавата за вработување особено содржи:

  • Податоци за кандидатот (име и презиме, матичен број на граѓанинот, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, електронска адреса на кандидатот, контакт телефон), како и кратко мотивационо писмо;
  • Кратка биографија;
  • Изјава за исполнување на општите услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;
  • Изјава за исполнување на посебните услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;

Кандидатите кон пријавата треба да приложат и:

  • Уверение за државјанство
  • Диплома за завршено образование
  • Доказ за работно искуство во струката (доколку е потребно)
  • Потврда дека не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност (не постара од 6 месеци)
  • Лекарско уверение за општа здравствена состојба на кандидатот (не постаро од 6 месеци)
  • Други документи наведени во точка III од овој Оглас

Јавниот оглас трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавување во дневниот печат.Постапката за селекција за вработувањето се состои од административна селекција за проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени на јавниот оглас и аудиција.

Сите документи треба да бидат доставени во оригинал или преписи заверени на нотар.

Пријавата за јавниот оглас може да се подигне од архивата на Театарот за деца и младинци – Скопје или да се симне од интернет страната www.puppet.com.mk

Кандидатите кои успешно ја поминале постапката на веродостојноста на докази имаат право да продолжат на аудиција и ќе бидат контактирани за местото, времето, начинот и датумот на одржување на аудицијата.

Пријавите со потребните документи да се достават до архивата на Театарот за деца и младинци – Скопје секој работен ден од 9 до 15 часот или на адреса: НУ „Театар за деца и младинци“ – Скопје, ул.„Димитрие Чуповски“ бр.4, 1000 Скопје. Некомплетно или ненавремено поднесени документи нема да се разгледуваат.

ПРЕЗЕМИ ПРИЈАВА

 

Директор: Катарина Илиевска Силјановска

Месечен репертоар

Јули 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

Маркетинг