21 Август 2019

ЈАВЕН ОГЛАС Број 2/2019 за вработување на 3 (три) помошно - технички лица

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи (“Сл.весник на РСМ“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 16/10, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/15, 27/16 и 120/18), член 3 и член 20-г од Законот за вработените во јавен сектор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.27/14, 199/14, 27/16 и 35/18), одредбите од Правилникот за задолжителни елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.34/15), и известувањето од Министерство за финансии за обезбедени финансиски средства број 18-1892/2 од 05.02.2019 година, Националната установа „Театар за деца и младинци“ – Скопје објавува:

ПРЕЗЕМИ ПРИЈАВА

ЈАВЕН ОГЛАС Број 2/2019

I. Националната установа „Театар за деца и младинци“ – Скопје има потреба од вработување на 3 (три) помошно – технички лица на неопределено време за следните работни места:
 

1. 2 (две) лица на работно место Портир, шифра КУЛ 0401(Б02)002

Посебни услови: степен и вид на образование, Средно образование.
Лиценца за обезбедување лица и имоти.
Напомена: Согласно годишниот план за вработување на институцијата за 2019 година, едно (1) вработување за работно место Портир е предвидено за Албанец/ка.
 

2. 1(едно) лице на работно место Реквизитер, шифра КУЛ 0405(Б01)008

Посебни услови: степен и вид на образование, Средно стручно образование – уметничко.
Работните места се предвидени за со и без работно искуство.
 
II. Кандидатот за работно место треба да ги исполнува општите услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија,
- Активно да го користи македонскиот јазик,
- Да е полнолетен,
- Да има општа здравствена способност за работното место и
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
 

III. Распоред на работното време: Дневното работно време за огласените работни места е во траење од осум часа дневно (односно согласно програмски потреби за проби и претстави, двократно), односно 40 часа неделно.

За Портир, работното време се организира во смени и тоа: прва смена: од 07.00 до 15.00, втора смена: од 15.00 до 23.00, трета смена: од 23.00 до 07.00
IV.Основна нето плата:
1. 17.524 денари – Портир
2. 19.533 денари – Реквизитер
 

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 (пет) работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавување на огласот). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Пријавата за огласот може да се подигне од архивата на Националната установа „Театар за деца и младинци“ – Скопје или да се симне од интернет страната www.puppet.com.mk .Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови:
- Уверение за државјанство;
- Уверение за општа здравствена способност за работното место (не постаро од 6 месеци)
- Потврда/Уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци)
- Доказ – Диплома/Уверение за завршено образование
 

Пријавата со потребната документација кандидатите треба да ја достават до архивата на Националната установа „Театар за деца и младинци“ – Скопје, секој работен ден од 9 до 15 часот или по пошта на следната адреса: ул.Димитрие Чуповски бр.4 – Скопје (со назнака за „јавен оглас број – 2/2019“)

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање.Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар.
 

Ненавремените пријави и документацијата нема да се разгледуваат.

Селекцијата и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапка за вработување.Пријавените кандидати ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување на интервјуто.
 

Изборот на кандидатите ќе се изврши во рокот определен во член 23 став 2 од Законот за работни односи.

НУ „Театар за деца и младинци“ - Скопје

ПРЕЗЕМИ ПРИЈАВА

Месечен репертоар

Септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30
Октомври 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Маркетинг