Театар за деца и младинци
Menu
Цветната улица
Цветната улица
  • Poster:
    Poster
  • 200

  • ден.

  • Купи билет:
  • Reæija:

    Наташа Поплавска

    Асистент режисер:
    Жаклина Петровска

  • Avtor:
    Киро Донев
  • Scenografija:
    Емил Петров
    (и видео анимација)
  • Kostimografija:
    Александар Ношпал
  • Muzika:
    Џенгис Ибрахим
  • Koreografija:
    Олга Панго
  • Igraat:
    Бојан Кирковски
    Емра Куртишова
    Марија Ѓорѓијовска
    Мики Анчевски
    Владимир Лазовски
  • Godina:
    2012
  • Vremetraewe:
    40 минути

Оваа претстава е финансирана од страна на ЕУ Инфо Центарот во Скопје. Врз основа на брошурите за подигање на еколошката свест кај најмладите, кои Европската Унија ги има публикувано, ангажиран беше комплетен авторски тим кој овие брошури ги претвори во впечатлива еко-претстава за најмалите деца.

Режисерката Наташа Поплавска создавајќи актерска екипа, која како спој на искуство и младост, ја оформи приказната за девојчето  Флора, дојдено како принцеза од еден егзотичен прекуокеански остров. Принцезата Флора е вознемирена од степенот на загаденоста на густо населените краишта од нашата планета. Со помош на своите другарчиња Том, Лила и Бени, успева да го спречи сечењето на шумите, промовира возење велосипеди наместо автомобили, ги запознава децата со рециклирањето... Карактеристично за претставата е тоа што изобилува со сонгови, видео-проекции и одлична актерска игра.

Претставата е вистински хит меѓу градинките и основните училишта од градот Скопје, кои преку организирани претстави наменети само за нив, се чести посетители на оваа претстава. Секако дека ЦВЕТНАТА УЛИЦА, покрај организирано, се игра и на нашиот редовен репертоар.

Tekovni proekti

  • Мачорот во чизми
  • Снежната кралица
  • Сидарта