Театар за деца и младинци
Menu
Бескрајни соништа
Бескрајни соништа
  • Poster:
    Poster
  • 200

  • ден.

  • Купи билет:
  • Reæija:

    Боњо Лунгов

    Asistenti na reæija:

    Маја Енчева и Константин Каракостов

    Avtor na kukli i scena:

    Боњо Лунгов

  • Kostimografija:

    Маја Енчева

    Izbor na muzika i koreografija:

    Константин Каракостов

    Prevod i prepev:

    Томислав Османли

  • Igraat:
    Татјана Павловска Кочовска
    Ана Левајковиќ-Бошков
    Драган Довлев
    Владимир Лазовски
    Предраг Павловски
    Марија Ѓорѓијовска
    Наташа Петровиќ
    Мики Анчевски
    Ненад Митевски
    Мартин Јорданоски
  • Godina:
    2010
  • Vremetraewe:
    60 минути

Оваа претстава е направена со цел да се одбележи 20-годишниот јубилеј на Театарот за Деца и Младинци. Целта беше низ една претстава да се прикажат сите видови и типови на кукли што досега продефилирале во куклените претстави на нашиот театар. Општо прифатено е мислењето од страна на театарските критичари дека кога се работи за имагинарност, оригиналност и фантазија, во овој проект режисерот Боњо Лунгов се надминал себеси и на нашата публика и подарил уште една прекрасна претстава.

Претставата нема класична приказна, поделена е во неколку сцени кои можат да стојат и како посебни целини, споени со интересни промени од сцена во сцена. Во услови кога текстот е незначителен доминираат добро познати музички мотиви. Начинот на кој актерите формираат со најразлични предмети секакви форми е магичен и недофатлив за секое дете.

Претставата е за сите возрасти, не само детски, бидејќи досега не се случило по нејзиниот завршеток да има незадоволни гледачи. Напротив, публиката секогаш фасцинирана и егзалтирана ја напушта оваа претстава.

БЕСКРАЈНИ СОНИШТА во 2013 година е наградена на Суботичкиот Фестивал ЛУТФЕСТ со престижната награда за оригиналност и фантазија.

View the embedded image gallery online at:
http://puppet.com.mk/pretstavi/beskrajni#sigProId1e94109c4d

Tekovni proekti

  • Мачорот во чизми
  • Снежната кралица