Сонот на Вилијам

  • Сцена: Детска
  • Времетраење: 74 минути
  • Премиера: 26.18.2018
  • Возраст: 7+

Адаптација на драмите, кореографија и режија: Кренаре Невзати - Кери

Секоја вечер, пред спиење, мајката и синот Вилијам имаат свој мал ритуал: разговараат за тоа што им се случило претходниот ден. Вилијам ѝ го открива на мајка му својот страв од утрешниот настап во училишната претстава. Всушност, тој и неговите другари треба да одиграат една комична сцена во претставата „Сон на летната ноќ“.

Тој се сомнева во својата подготвеност добро да го изговори текстот. Дополнителен проблем е што на утрешната проба ќе присуствуваат децата од целото училиште, а помеѓу нив ќе биде и Јулија, девојченцето кон кое негува посебно нежни чувства. Мајка му го бодри, го поддржува и се обидува да го охрабри и да му ја отстрани несигурноста. Вилијам набрзо заспива. Во лулката на Младата месечина се препушта на авантурите на сонот. И, како што бива само во соништата, во соништата каде што сѐ е можно и сѐ е дозволено, „... од јавето ти сништа ковеш, а сега од сонот јаве да навезеш!“ (Песни, Лаза Костиќ)

На Вилијам му се привидуваат ликовите од претставата во која треба да настапи: неговите другари, Јулија, како и други ликови од Шекспировите дела. Утро е и Вилијам се буди, возбуден. Не знае дали е јаве или сон тоа што му се случило. Истовремено, таа ноќ и мајка му имала чудни соништа. Разговарајќи со Вилијам, двајцата сфаќаат дека ноќта била волшебна. Тоа е ноќта спроти Иванден, ноќ на летната рамнодневница кога се случуваат најразлични чуда и сите, понесени од заводливата Луна, како да сонуваат со отворени очи. Сѐ е на граница меѓу СОНОТ и ЈАВЕТО. Вилијам како да добива самодоверба за настапот и, што е најважно, како да пораснал и созреал преку ноќ.

„Сонот на Вилијам“ претставува бесконечна игра меѓу сонот и јавето, реалноста и фантазијата, спокојот и страста, светот на децата и светот на возрасните. Во претставата, како впрочем и во делата на Шекспир, се поставуваат вечните прашања за другарството, љубовта, емпатијата, добрината, правичноста, доблеста, храброста... И како да ги препознаеме нивните контрапункти. Најсуштествените прашања и дилеми што човекот го прават да биде ЛИЧНОСТ и темел на едно цивилизирано, емпатично, еколошки освестено и хумано општество.

Костимографија:

Барбара Цвејиќ – Рив

Сценографија:

Кренаре Невзати - Кери

Видео анимација и фотографија :

Емил Петро

Асистент на костимограф:

Александра Младеновиќ

Асистент на кореограф:

Бојан Лазаров

Избор на музика:

Кренаре Невзати - Кери

Месечен репертоар

Јануари 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Маркетинг