Мачорот во чизми

  • Сцена: Детска
  • Времетраење: 53 минути
  • Премиера: 12.04.2017

Режија: Игор Ивковиќ
Автор: Горјан Милошевски (по мотиви од Ш. Перо)

Неуморниот патник, бистриот и брлив мачор Макс, почнува нова животна авантура. Во моментот кога неговиот газда, стариот воденичар, го напушта овој свет, тој една вечер сосема случајно ќе ги спаси волшебните чизми Енесија и Акајсија од мрачната пештера на злобниот вештер Ужвекс. Ѕверот волшебник поради тоа почнува да го уништува кралството. Без чизмите ја губи волшебната моќ. Со помош на неговиот помошник, Кенгурот Џексон, кој игра оди и пее како поп иконата Мајкл Џексон, прават пакосен план со цел да си ги врати чизмите. Мачорот Макс останува да живее со Каспер, најмладиот син на воденичарот. Макс му ветува дека ќе го ожени за принцезата Сесилија во знак на благодарност што од целиот имот на татко му тој го избрал него. Ѕверот Ужвекс дознава за нивната цел и тој со Џексон ја граба принцезата Сесилија со цел да го намами Макс да дојде во неговата пештера со чизмите за да може да си ги задржи за себе. Низ бројни комични ситуации, Макс, херојски го надмудрува злобниот Ужвекс и со помош на магионичарски трикови и илузии ја спасува принцезата Сесилија. Ова е приказна која ги глорифицира херојството, пожртвуваноста и пријателството, а ги иронизира и исмејува злобата и пакоста. Претставата е своевидно магионичарско илуминативно шоу во кое, како ретко каде, магионичарските трикови се во функција на создавање уште едно добро дело.

Сценографија:

Маре Трајковска-Стефаноска

Костимографија:

Маре Трајковска - Стефаноска

Музика:

Виктор Апосотолвски

Кореографија:

Валентино Апостоловски

Магија:

Гого Реквием (Георги Гавровски)

Рецензии

(globusmagazin.mk) "Мачорот во чизми" - музичко магионичарска илузионистичка бајка

(fakulteti.mk) „Мачорот во чизми“ - со илузии и трикови ги освојува децата

Прес центар

(plusinfo.mk) Премиера на „Мачорот в чизми“ утре вечер

(kurir.mk)„Мачорот во чизми“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(netpress.com.mk) „Мачорот во чизми“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(vistina.mk) Ппремиера на Театарот за деца и младинци на „Мачорот во чизми“

(a1on.mk) „Мачорот во чизми“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(sitel.com.mk) „Мачорот во чизми“ - премиера на Театарот за деца и младинци

(mia.mk) „Мачорот во чизми“ - премиера на Театарот за деца и младинци

(telegraf.mk) ПРЕТСТАВА СО МАГИОНИЧАРСКИ ТРИКОВИ: „Мачорот во чизми“ од утре на сцената во Театарот за деца и младинци (ФОТО)

(kanal5.com.mk) „Мачорот во чизми“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(republika.mk) Театарот за деца и младиници ја најави хит претставата „Мачорот во чизми“

(vecer.mk) "Мачорот во чизми" - детско шоу со магија и илузии...

(cooltura.mk) „Мачорот во чизми“ премиерно во Театарот за деца и младинци

Месечен репертоар

Јули 2018
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Маркетинг

Тековни проекти

Сонот на Вилијам
Режија: Кренаре Невзати Кери